1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кој ќе формира нова влада во Полска?

Во Полска во тек е гласањето за нов состав на парламентот. Според анкетите на владејачката национал-конзервативна партија на премиерот Јарослав Качински и се заканува неуспех.

default

Изборни плакати на главните соперници Качински и Туск

Предвремените избори ги свика актуелниот премиер Јарослав Качински, а според анкеттите на јавното мнение тој има најголеми шанси и повторно да ја освои довербата на мнозинството полски избирачи. Томас Раутенберг ја појаснува ситуацијата спроти изборите и шансите за победа на политичките соперници на полската политичка сцена.

Последниве денови анкетите постојано донесуваат поинакви прогнози за можниот победник на предвремените избори во Полска. Политикологот Еугениуш Смолар смета дека стариот премиер ќе го добие повторно мандатот за формирање нова влада:

“Се плашам, и сосема свесно го користам тој термин, дека партијата на Качински ќе победи на изборите. Не само поради амбициозноста со која ја водеше кампањата, туку и затоа што конкуренцијата е навистина слаба.“

Главните соперници, актуелниот премиер Јарослав Качински и шефот на либерално конзервативната граѓанска платформа Доналт Туск, се прилично изедначени во борбата. Тоа до неодамна меѓутоа не беше така. Во мигот кога се распадна владината коалиција на Јарослав Качински, опозиционата граѓанска платформа на Доналт Туск имаше дури 15% предност во анкетите. Премиерот ја прокоцка имено довербата на избирачите така што инсценираше корупцијска афера против вице-премиерот и шеф на Партијата на селаните Анджеј Лепер. Лепер се повлече од владата и ионака нестабилната коалиција се распадна.

За да го одбегне свикувањето парламентарната комисија околу аферата околу вице-премиерот, Качински понуди предвремени избори. Опозицијата не ја сфати играта и ја прифати политичката мамка. Тоа беше сериозна грешка, смета аналитичарот Еугениуш Смолар:

“Тоа беше јасна грешка на лидерот на опозицијата Доналт Туск. Тој требаше да оди на изгласување недоверба на владата, на создавање преодна влада и на доволно долги подготвки за предвремени избори од цели шест месеци.“

Но, шефот на опозицијата Туск беше понесен од тогашните анкети на јавното мнение, во кои тој имаше дури 15% предност. Тоа секако се смени со мудрото тактизирање на актуелниот премиер Качински, кој во кусата предизборна кампања повторно се потпре врз традиционалните теми на десницата, како консеквентно расчистување со пост-комунизмот, отворање на архивите на тајните служби, како и застапување на силна Полска во ЕУ. Згора на тоа тој ја има и поддршката на многу влијателната Католичка Црква во Полска.

Доналт Туск напротив се залагаше во кампањата пред се‘ за промена на надворешно политичкиот курс на владата. Тој вети повторно стоплување на односите меѓу Варшава и Берлин, како и повлекување на полските војници од Ирак.

“Времето за исполнување на нашите обврски во Ирак е веќе одамна истечено. Полска одлично ги исполни сите свои задачи и затоа треба да ги повлече сега војниците од Ирак!“

Дали ваквите заложби на Туск ќе му донесат и победа, тоа останува да видиме по пребројувањето на гласовите. Она што е меѓутоа уште сега сигурно, тоа е фактот дека секој законски предлог на либерално конзервативната влада под лидерот на опозицијата Доналт Туск би наишол на отпор од Претседателот на државата. Тој имено е брат на премиерот и спаѓа во редот конзервативни политичари од владеачкаа Партија на редот и правдата.