1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кој ќе испадне од Бундеслигата?

Денеска (05.05) паѓа одлуката кој ќе ја напушти германската фудбалска Бундеслига и ќе замине во подолен ранг на натпреварување. Што се однесува до шампионот - тој е веќе познат!

Фудбалската Бундеслига денеска завршува без возбудувања на врвот - Борусија Дортмунд е шампион и тоа е познато и пред да се одигра последниот натпревар против Фрајбург. Победничката „чинија“ на шампионите ќе им биде предадена по сезона во која освоија рекорден број на бодови во историјата на Бундеслигата.

Она што се очекува со напрегнатост е одговорот на прашањето - кој ќе ја напушти Бундеслигата и ќе се пресели во втората лига? Херта и ФЦ Келн се со еден чекор надвор - денеска треба да се реши кој ќе му прави друштво на Кајзерслаутерн во втората лига, а кој ќе добие шанса да игра во квалификациите. Келн игра против Бајерн Минхен, додека Херта се среќава во Хофенхајм.

Интересен е и дуелот за најдобар стрелец во сезоната - Марио Гомес од Бајерн Минхен има 26 погодоци, додека Клаас-Јан Хунтелар од Шалке на своето конто има 27 голови. Денеска треба да бидат познати и клубовите кои ќе играат во Лигата Европа. Сигурни патници во Лига Европа се Бајер Леверкузен и Штутгарт, а за третото место кое води во ова натпреварување конкурираат Нинберг, Волфсбург, Вердер и Нирнберг.

ЕМФ/макфакс/дпа