1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој ќе го спаси „Опел“?

Средбата за судбината на германскиот автпроизводител „Опел“ кај канцеларката Ангела Меркел не донесе резултат.

default

Претставниците на сојузната влада, на покраините, на интересентите за фирмата и на американската влада не можеа да се договорат за иднината на „Опел“. Утрово германскиот сојузен министер за стопанство Карл-Теодор цу Гутенберг за неуспехот на преговарачката рунда во Берлин го обвини американскиот „Џенерал моторс“. „Тоа се однесува меѓу другото на фактот што повторно бевме конфронтирани со нови бројки, ’Џенерал моторс’ уште еднаш не‘ соочи со изненадувања, затоа решивме да размислиме дополнително, но не само ние, туку и инвеститорите“.

Во игра остануваат уште двајца инвеститори

Opel Treffen Kanzlerin Merkel

Средба кај канцеларката

Германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик појасни дека во игра за преземање на „Опел“ остануваат уште двајца инвеститори, како и кои се дополнителните бројки кои ги изнесле Американците: „Се работи за вкупно околу 300 милиони евра, кои мора да бидат обезбедени во краток рок, што ноќеска донесе до пролонгирање. Нема смисла и натаму да се молчи, од трите инвеститори, останаа само два: ’Магна’ и ’Фиат’. Американскиот финансиски инвеститор ’Риплвуд’ отпадна од игра“, изјави Штајнбрик.

Изненадувачко барање

Кризниот самит во Берлин всушност пропаднал поради изненадувачките нови барања на американската страна за преодното финансирање, покрај 1,5 милијарди евра, побарани се дополнителни 300 милиони евра.

Opel Krisengespräch Guttenberg Koch Steinbrück

Кризен самит

Претходно, вести од САД беа многу поволни. Во фабриката во Риселхајм беше соопштено дека „Џенерал моторс“, кој се бори за преживување, на фирмата ќерка „Опел“ ќе му го префрли без долгови европскиот дел од претпријатието.

Четири фирми вкупно беа заинтереисрани за преземање на „Опел“: австриско канадскаиот лиферант „Магна“, италијанскиот автопоризводител „Фиат“, американската инвестициска компанија „Риплвуд“ и крајно, вчера понуда достави и кинескиот автоконцерн „БАИЦ“. Нивните понуди повеќепати беа менувани, но ниедна не ја задоволи целосно германската влада. Владата предложи алтернативно решение: „Опел“ треба да се оддели од американскиот „Џенерал моторс“ и да биде предаден на доверител. Тој би добил кредит од 1,5 милијарди евра, би ја водел работата се‘ додека „Опел“ не добие погоден инвеститор.

На синоќешните разговори во Берлин се работеше пред се‘ да се договори преодното финансирање, а потоа со американската страна да бидат детализирани плановите за моделот со доверител. Американците очигледно во основа не се наклонети кон овој модел. Дополнителните консултации треба да бидат завршени до в петок.

Автор: ЖА/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска