1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој ќе го решава спорот меѓу СПЦ и МПЦ?

Црковните аналитичари во Македонија велат дека со смртта на српскиот патријарх Павле православието загубило голема личност. Се очекува што ќе донесе изборот на новиот поглавар за спорот меѓу СПЦ и МПЦ.

default

По заминувањето на српскиот патријарх Павле-низа отворени прашања

Македонската православна црква ќе испрати телеграма со сочуство за смртта на српскиот патријарх Павле а најверојатно и делегација на погребот во Белград. Македонските владици кои ги контактираше Дојче веле не сакаа да зборуваат за печатот што упокоениот српски поглавар го остави врз односите со Македонската православна црква додека беше на тронот на српската црква. Но, црковните аналитичари во Македонија велат дека со заминувањето на патријархот Павле православието загубило голема личност. Умерен духовен водач, за кого црквата била тело Христово, во кое има место за сите. Професорката по социологија на религија, Татјана Стојановска не очекува дека наследникот на Павле ќе направи повеќе во однос на македонското црковно прашање.

“Дали ќе го стават на пиедестал за брзо и итно решавање на проблемот со МПЦ или ќе го третираат како прашање кое не ги тангира многу во моментот? Дали повторно ќе го издигнат односот меѓу двете цркви на ниво на државно прашање, тоа се повеќе битни аспекти кои треба да се забележат“.

Јавноста со внимание ќе го следи изборот на нов поглавар

Во македонската јавност сега со внимание ќе се следи процесот на избор на наследникот на Патријархот Павле. Македонската православна црква посакува новиот српски поглавар да го даде умереното крило во редовите на српскиот сабор.

“Јас се надевам дека СПЦ ќе најде достоен заменик и лидер, којшто во целост ќе го разреши ова круцијално прашање со автокефалноста на МПЦ“, вели професорот на Богословскиот факултет во Скопје, Петко Златевски.

MPC

Во МПЦ со внимание ќе се следи избоорт на нов српски црковен поглавар

Повеќегодишен спор меѓу МПЦ и СПЦ

МПЦ и СПЦ водат спор од 60-те години на минатиот век. Целосно се замрзнати односите од 2002 година, кога под притисок на македонската јавност пропадна Нишката спогодба. МПЦ бара афтокефален статус, СПЦ нуди само одреден степен на автономија, а не целосна самостојност. Стојановска смета дека е нерелано да се очекува дека толку длабок проблем што го предизвикуваат дијаметрално спротиставени позиции на двете цркви може да се реши со доаѓањето на новиот српски поглавар. Според неа, главен фактор за решавање на спорот, на кој треба да му се даде шанса, е времето. Стојановска смета дека заокружувањето на името на МПЦ со терминот Охридска Архиепископија негативно ќе се одрази врз односите меѓу двете цркви. Православниот свет не ја признава афтокефласноста на МПЦ и ја упатува за својот статус да се избори преку црковен Белград. Синодот подготви платформа за обновување на дијалогот со Српската црква но се‘ заврши со неколку неформални средби на преставници на двете цркви, кои не понудија издржани предлози за суштинска дебата во врска со спорот.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска