1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој ќе го пресече „гордиевиот јазол“ со името?

Самитот на шефовите на држави или влади на ЕУ би можел да се претвори во анти-зенит за шведското претесдателство со Унијата, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“.

default

Ќе најде ли сила и дипломатска вештина за „неможната задача“? Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт

Наместо посакуваната сјајна завршница самитот на ЕУ сега го очекува еднолична и придушена атмосфера со понекогаш тешко сфатливи проблеми, што со години ја оптоваруваат агендата. Еден од тие проблеми, кои шведското претседателство би требало да се обиде да го реши, се однесува на Македонија.

Сега постои историска шанса за изнаоѓање решение за овој „гордиев јазол“. Односите меѓу Атина и Скопје се чини се нормализирани и новиот грчки премиер Папандеру би сакал да ја измени сликата за својата земја како постојан негатор и предизвикувач на конфликти во ЕУ и НАТО. Повеќе од кога и да било досега, Папандреу треба да ги освои симпатиите во рамките на ЕУ за да се справи со галопирачката државна финансиска криза во Грција. Како членка во еврозоната, Грција практично ризикува да западне под принудна управа за да се спречи државниот банкрот. Напоредно на тоа е важно да се спомене фактот дека Грција е и најголем примател на регионална поддршка од ЕУ-касата.

Јоргос Папандреу, кој има стабилно мнозинство до 2014 година, би требало да се заложи за отворен став. Тој одвај би имал простор да стави вето доколку шведскиот премиер Раинфелд и министерот за надворешни работи Карл Билд покажат креативна сопособност во однос на прашањето за името. Билд и Раинфелд неочекувано би можеле да се запишат во историјата доколку со еден Александров замав го пресечат јазолот, пишува “Свенска дагбладет“.

Автор: „Свенска дагбладет“/МИА