1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кој ќе биде прв?

Сезоната на германската фудбалска лига не можеше да заврши повозбудливо: по малку ќе започне последното 34 коло во кое конечно ќе биде решено кој ќе биде годинашен шампион. Најдобри шанси, се разбира има лидерот Штугарт кој е на таа позиција од минатото коло.

Фудбалерите на Штутгарт најблиску до титулата

Фудбалерите на Штутгарт најблиску до титулата

Со победа дома против Котбус, првпат по 1992 година Штутгарт повторно ќе биде првак. За тренерот Армин Фе водството на табелата не е посебен притисок и тој се обидува да остане смирен... колку што е можно:

„Имавме притисок целата сезона. Значи ова сега не е посебна ситуација. Го загубивме првиот натрпевар против Нирнберг и – бевме веднаш под притисок. Потоа притисокот се префрли врз освојувањето на третото место. Сега можеме да бидеме први – и повторно притисок„.

И како на Штутгарт тоа да не му е доволно, притиска вториот на табелата Шалке кој се уште се надева дека може да биде прв: Ако Штутгарт не победи против Котбус, а Шалке го направи тоа против Билефелд, тогаш титулата за екипата на тренерот Мирко Сломка повторно е актуелна. Таква е и тактиката:

„Со резултат колку што е можно побргу, да вршиме притисок врз Штутгарт. Но, ќе биде тешко и тоа го знаеме сите. Екипата ќе даде се од себе во овој натпревар„.

Се ќе мора да даде и третиот Вердер. Тој ја пропушти шансата за титулата во минатото коло, и сега може да се надева само на тоа да биде втор, што значи сигурно место за лигата на шампионите. Менаџерот Клаус Алофс:

„Светот нема да се промени сеедно дали ќе бидеме втори или трети. Но, не се менува ништо и во тоа дека тоа го посакуваме. Би било неодговорно да не се искористи таква шанса, ако Шалке уште еднаш потфрли„.

Претпоставка за тоа е Вердер да го победи Волфсбург, екипа која во минатата недела го обезбеди опстанокот. Другите денешни натпревари, помалку или повеќе ќе бидат „за публика„.

Во Штутгарт во меѓувреме, се е подготвено за големото славје. Со последниот свиреж на судијата околу 17 часот и 15 минути ќе биде познато се’!