1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кој ќе биде иден премиер на Италија?!

Италијанците денес и утре избираат нов парламент.

Проди и Берлускони во ТВ дуел

Проди и Берлускони во ТВ дуел

Трката меѓу двајцата главни соперници, актуелниот премиер Силвио Берлускони и поранешниот шеф на Европската комисија Романо Проди е тесна, иако анкетите на јавното мнение му даваат предност на Проди и тоа повеќе месеци на ред.

На Италија најверојатно и‘ претстои промена на политичкото кормило. Има повеќе знаци што навестуваат дека кога в понеделник попладне ќе се затворат гласачките кутии ќе и‘ дојде крајот на ерата на Берлускони. Според италијанскиот изборен закон Институтите за истражување на јавното мнение не смеат да објавуваат резултати од анкетите цели две недели спроти изборите. Последните што беа објавени сигнализираат предност за предизвикувачот Романо Проди од 3 до 5%. А водечки истражувачи на јавното мислење неофицијално и во доверба потврдуваат дека последниве денови нема промена на таквиот тренд.

Берлускони се обиде на почетокот од неделава во еден ТВ дуел со Проди да предизвика пресврт. Многу лукаво актуелниот премиер директно пред истекот на времето за емисијата, што значи така да противникот не може да одговори, најави спектакуларно укинување на комуналните даноци за куќи и станови:

„За нас куќата, првата куќа, е светост – исто како и семејството. Затоа ќе ги укинеме комуналните даноци за куќите и станови. Да добро разбравте, ќе ги укинеме даноците за првиот стан или куќа што ги поседувате!„

Главната теза на Берлускони, што требаше да му помогне да го стигне соперникот во финишот на изборната трка беше дека левицата на чело со Проди се залага за повеќе даноци, а неговиот владеачки десен блок за помалку. Но, ваквата стратегија и покрај спектакуларниот предлог во ТВ дуелот не му помогна на Берлускони. Една од причините за тоа е што Италијанците не му веруваат на нивниот премиер, кој во последните пет години на чело на владата не оствари многубројни изборни ветувања.

Берлускони се чини дека го чувствува поразот што се наближува и во последните неколку дена делува многу понапнато. Тоа резултираше и со еден вербален инцидент, кога на една изборна манифестација ги нарече „глупаци„ поддржувачите на левиот блок на Проди. Проди пак за разлика од видно нервозниот Берлускони делува некако смирено и зрачи победнички. На завршните манифестации неговата клучна порака беше дека новиот почеток во Италија е оддалечен само уште неколку дена:

„Гледаме кон иднината, гледаме напред. Мораме да ја изградиме оваа земја и тоа и ќе го сториме!„

Доколку ова пророштво на Проди се оствари, тоа би бил доказ за успешноста на неговата многу храбра изборна стратегија. За разлика од изборите пред пет години, левиот блок не го напаѓаше лично Берлускони. Немаше речиси ниту еден збор за судските процеси што се водат против актуелниот премиер, за неговата медиумска превласт и доминација, за неговото големо богатство. Политичарите на левицата имено се уверени дека кампањата што може да наликува на завист нема да наиде на слух кај избирачите. Проди и неговите поддржувачи затоа го напаѓаа Берлускони речиси исклучиво поради неисполнетите изборни ветувања. Освен тоа Проди манифестираше нагласено сериозен настап во медиумите за разлика од често неконвенционалните изјави на Берлускони.