1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој ја фрлил бомбата во Грузија?

Ново затегнување на ионака влошените односи меѓу Русија и Грузија. Тбилиси ја обвинува дека руската војска и фрлила бомба на нејзина територија. Москва демантира.

default

Ја поминале ли границата руските авиони?

"Авионите кои од Русија ја истрелале ракетата воздух земја на грузиска територија, сторија акт на агресија", изјави денеска министерот за внатрешни работи на Грузија Вано Мерабишвили. “Нашите радари покажуваат дека авионите полетале од Русија и потоа се вратиле кон истата насока”, тврди министерот.

Русија којашто подолго време има затегнати односи со поранешната советска република, демантираше дека нејзината авијација извела воена операција врз грузиска територија, како и дека не и го повредила воздушниот простор.

“Руската воена авијација ниту во понеленик ниту во вторник не извела летови на Грузија. Русија не ги загрозила границите на суверена Грузија”, изјави за агенцијата Ројтерс полковникот Александар Дробишевски, помошник на командантот на руското воздухопловство.

Грузиските власти соопштија дека проектилот околу 19,30 минути по локално време го погодил селото Чителубани, на 65 километри западно од главниот град Тбилиси, но за среќа не експлодирал при што е избегната катастрофа.

Шефот на канцеларијата за односи со јавност на грузиското министерство за внатрешни, Шота Утијашвили ги соопшти деталите за инцидентот:

“Нашиот радар покажува дека тие долетале до 60 километри во внатрешноста на нашата територија од границата и ја испуштиле наведуваната ракета. Нашите експерти работат на теренот за да видат за каков проектил станува збор. Со сигурност знаеме дека се работи за ракета воздух земја, која е многу моќна.”

Според него бомбата којашто ја фрлил рускиот авион била тешка околу 700 килограми.

Односите меѓу Русија и Грузија многу се влошија минатата година гога Тбилиси депортираше четворица руски воени офицери кои ги обвини за шпионажа. Москва одговори со повлекување на својот амбасадор од земјата и сопирање на воздушните, поморските и земјените врски со Грузија. Русија исто така депортираше неколку илјади Грузијци под образложение дека биле илегални имигранти.