1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој уште испраќа разгледници?

Кога последен пат сте добиле разгледница? Не можете да се сетите... Со појавата на мобилните технологии рапидно се намалува бројот на оние кои испраќаат разгледници. А, некогаш разгледниците се споменуваа и во песните.

Тоа беа времиња кога постоеја само поштенски сандачиња. Тогаш за време на одморите разгледниците пристигнуваа од секаде. Шпанија, САД, Индија, Австралија, од тетка католик од Рим, или од другарот пубертетлија од Грција. Во ред, текстовите напишани на разгледниците и не беа за литературна награда: „Времето е убаво, брановите се високи“. Но, беше убаво. А, денес? Празни поштенски сандачиња, нема муштерии во киосците.

„Како ви оди бизнисот со разгледниците?“, прашува репортерот една продавачка во киоск.

„Не е како порано“, одговара таа.

„На што се должи тоа?“

„Не знам. Имејлови, мобилни телефони, никој веќе не пишува“.

Особено младите луѓе, тие повеќе не испраќаат разгледници. Тие сега имаат смартфонови и компјутери. Можеби за време на екскурзии младите сепак пишуваат?

„Тоа зависи од групата. Доколку се сосема млади, оние од пониските класови, тогаш со нив се и учителите. Така беше порано, така е и денес. Но младите од 7.,8.,9. одделение, нив ги мрзи да пишуваат“, вели Јирген Копман, раководител на дом за сместување на млади луѓе.

Сигурно има уште млади кои испраќаат разгледници, но многу помалку од

порано. Тоа не е никакво чудо, велат експертите.

„Секој хотел денес има безжична мрежа. Тука можам да се логирам и преку мојот смартфон да им ги испратам на пријателите сликите кои сум ги направил преку Фејсбук, имејл или Скајп и да го споделам она што сум го доживеал“, објаснува медиумскиот педагог, Маркус Герстман.

Се‘ помалку Германци испраќаат разгледници. Пред 60-ина години, годишно се испраќаа околу 920 милиони годишно. Минатата година само 160 милиони. Така е тоа во дигиталниот свет. Но, за среќа постојат и луѓе како Волфганг Гурлит. Бременскиот веб-дизајнер им нуди на посетителите во градот преку интернет да испраќаат разгледници.

„Имаме убава збирка на фотографии со мотиви од Бремен. Можете да изберете една, а потоа од интернет-страницата таа слика можете да ја испратите како електронска разгледница. Единствено треба да го знаете имејлот на оној кој треба да ја добие сликата. А, тој потоа може да се радува на убавиот мотив од Бремен“, вели Волфганг Гурлит, веб-дизајнер од Бремен.

И сето тоа бесплатно. А, оној кој нема да добие ниту дигитална, ниту обична разгледница, како некогаш, тој нема ни вистински пријатели.