1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кој сѐ доаѓа во Давос?

Повеќе од 40 шефови на држави или на влади доаѓаат на Светскиот економски самит кој денеска започнува во швајцарското одморалиште Давос. Годинешното мото на традиционалната средба гласи „Ново обликување на светот'.

На Светскиот економски форум во Давос учествуваат околу 2500 влијателни личности од областа на политиката, науката и економијата, пришто само од економијата ги има околу 1500. Основачот на Форумот Клаус Шваб (насловна фотоградија) од средбата очекува да даде нови импулси за совладување на финансиската и економската криза. Светското стопанство и натаму страда од слабиот стопански раст. „Потребен ни е нов почеток“, вели Шваб. Статистиките кои беа објавени минатата недела за конјунктурата во Германија покажуваат дека најголемата европска економија во минатата година забележала пораст од само 0,4 проценти, откако една година претходно тој изнесуваше 0,7 проценти.

Неформална размена на мислења

Weltwirtschaftsforum Davos ARCHIV 2012

Швајцарското планинско одморалиште Давос

Сепак тешко може да се процени кои би биле можните поттици за нов почеток за кои говори Клаус Шваб. Светскиот економски форум е неформална средба на која традиционално се собираат политичари на високи позиции, првите луѓе на најголемите претпријатија и угледни научници. Но тука не се донесуваат обврзувачки одлуки.

Од политички аспект најзанимливо е тоа што учество на Форумот најавија иранскиот претседател Хасан Рохани ( првпат по цели десет години во Давос доаѓа еден ирански претседател) и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Но „засега не е планиран нивен заеднички настап“, изјави еден од портпаролите на Форумот во Давос. Односите меѓу Иран и Израел се значително заострени поради спорната иранска атомска програма.

Форумот без Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел нема да учествува поради повредата со која се стекна скијајќи за време на зимскиот одмор. Таа во изминати години беше редовна учесничка на Форумот, вели Клаус Шваб. Германската влада во Давос ќе ја претставуваат министерот за финансии Волфганг Шојбле и министерот за развојна помош Герд Милер.

Под мотото „Ново обликување на светот: последици врз општеството, политиката и економијата“, на програмата на Форумот се бројни теми, од состојбата на светската економија, преку новите технологии па сѐ до здравствените системи, распределбата на богатството и заштитата на животната средина.

Kanzlerin Merkel in Davos

Канцеларката Меркел во Давос во 2013. (годинава не учествува поради повреда)

Во текот на четиридневниот Форум, ќе се одржат повеќе од 250 седници и работилници. Учесниците доаѓаат од стотина земји а нивната просечна возраст е нешто преку 50 години. Жените се застапени само со 15 проценти.

Влијателни стопанственици

Меѓу бројните истакнати стопанственици кои доаѓаат во Давос се, на пример основачите на софтверскиот гигант Мајкрософт, извршниот директор на интернет концернот Гугл, Ерих Шмит, британскиот бизнисмен во областа на авиосообраќајот Ричар Брансон, шефицата на интернет концернот Јаху, Мариса Мајер, првиот човек на најголемата американска банка „ ЈП Морган Чејс“, Џејмс Димон, двоецот директори на Дојче Банка Аншу Џаин и Јирген Фичен а на Форумот ќе учествува и Тони фадел, коосновач на фирмата Нест Лабс, која штотуку му беше продадаена на Гугл за нешто повеќе од три милијарди долари.