1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој стои зад пронајденото оружје?

Додека вториот контингент илегално оружје откриен на македонска територија на границата со Косово, беше складиран во магацините на МВР не изостанаа молскавични реакции на дипломати, но и долга вонредна седница на ДУИ.

default

Амбасадарот на САД, Филип Рикер сега се јави со самостојно соопштение во кое говори за успешна полициска акција против криминалните елементи кои планирале насилство во Македонија. „Го осудуваме насилството против граѓаните на Македонија и тие што го промовираат“, пишува амбасадаорот Рикер. За разлика од изјавите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска дека се работи за екстремистичко-криминални групи кои целат кон акции и во регионот, американскиот дипломат ги оценува само како криминалци кои како цел ја имаат Македонија.

Харадинај: Вооружените групи немаат визија за албанското прашање

Ramush Haradinaj, AAK president

Рамуш Харадинај

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај ги повика луѓето кои сакаат безбедносна дестабилизација на Македонија да се откажат од оружјето и таквите идеи. На нив се гледа со сомнеж и скепса, изјави Харадинај за македонската телевизија Алсат.

„Случајот со вооружените групи во Македонија предизвикува сомнежи во Косово, зашто тие немаат визија за албанското прашање во државата и регионот, но и не му помагаат на Косово во оваа фаза на неговиот самостоен пат“, изјави за македонската телевизија Алсат- М, Харадинај кој е лидер на Косовската алијанса и екс командант на УЧК, за кого дел од македонската јавност верува дека се’ уште може да влијае на екстремиситчките групи кои од Косово се уфрлаат во Македонија или екстемисти од Македонија кои имаат заштита во пограничните краеви кај соседот.

Од друга страна лидерот на Демократскипот сојуз Павле Трајанов оценува дека е битно полициските анализи да утврдат дали има спреги на овие најнови екстремистички групи со некои од партиите во земјата.

„Разузнавачките служби би требало да откријат дали овие ектремистичко- криминални групи имаат поврзаност со партии или поединци кои се политички активни, не само во Македонија туку и на Косово и Албанија“, вели Трајанов, екс министер за полиција, а сега коалициски партнер во Владата. Според него можно е да има незадоволство кај дел од поранешните рпипадници на ОНА, кои се конзервирани и врз кои Ахмети нема контрола, а може да ги активира некој друг.

Контролирана нестабилност?

Дали е возможно да се работи за сценарио на познатиот метод на контролирана нестабилност во Македонија со што би се дефокусирала јавноста од преговорите и компромисот околу името, да се ослабне тврдатата позиција на ДУИ до крајот на јуни да се најде решение и да се откочат евроатланските интеграции? За ова го прашавме професорот Имер Исмаили од Универзитетот за ЈИЕ во Тетово по првата акција на специјалците кои пред две недели на Блаце, на македонско-косовската граница најдоа бункер, земуница со оружје и униформи со амблеми на УЧК.

Mala Recica, Ort nahe Tetovo, Mazedonien

Седиштето на ДУИ во Мала Речица

„ Многу е битно да се дешифрира кој стои зад пронајденото оружје, колку го има, кој го распоредува или крие на македонска страна. Дали се тоа групи кои се продолжена рака на одредени сили во двете земји или пак се луѓе кои се продолжена рака на се‘уште недефинирани групи на Косово и Македонија“, вели проф. Исмаили.


Гордон прво на средба со Ахмети

До доцна ноќеска заседаваше партискиот врв на ДУИ. Оружјето е само дел од проценките за улогата и влијанието на партијата во владината коалиција. Пратениците од ДУИ веќе втор ден ја игнорираат парламентарната расправа незадоволни од некои решенија на владини закони или проекти. Владејачката партија е под притисок и на опозицијата која предлага конкретен закон за социјална заштита на припадниците на ОНА, додека такво решение кое требало да го подготват функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Владата е практично блокирано од македонска страна.

Индикативно е дека американскиот дипломат Филип Гордон, посетата на Скопје ја стартува со попладневните разговори со лидерот на интегративците Али Ахмети во американската амбасада. Овој висок функционер на Стејт Департментот, кој го замени Даниел Фрид, задолжен за Југоисточна Европа, доаѓа со јасна порака од Вашингтон - побрзо затворање на спорот околу името и безбедносна сигурност за Македонија како членка на НАТО и ЕУ.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM