1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој стои зад насилствата и палењето на амбасадата во Белград?

Апсењето на хулиганите поради палење на американската амбасада во Белград четири години подоцна значи спорост на српското правосудство или, пак, е дел од политичката борба?

Едноставно не сакам да верувам дека сегашното апсење на осомничените за насилство по „Протестите за Косово“ во 2008 година е всушност дел од предизборна кампања и дека целта на сето тоа е да се дисквалификува некоја политичка опција пред изборите, вели за ДВ адвокатот и поранешен полициски комесар Божо Прелевиќ.

„Се разбира, во секоја постапка од списите се гледа, кога сте дознале. Отука едноставно мислам дека одбраната на тие луѓе, доколку за сите тие детали знаеле пред две години, или една година, со тоа ќе излезат во јавност. Затоа мислам дека шпекулацијата, дека ова се прави намерно да се ослаби една опозициона партија, е само шпекулација и дека тоа допрва треба да се види. Од друга страна, мислам дека тоа би било бумеранг кој секогаш се враќа кога го злоупотеребувате правосудството и полицијата за предизборни цели“, вели Прелевиќ.

Брзината не е суштината

Божо Прелевиќ исто така оценува дека во српската јавност понекогаш постои одредено неразбирање колку долго би требало да тече некој правосуден процес. Овој случај е сериозена работа, која не е започната веднаш штом се случи, по што сериозно мораше да се подготви случајот, истакнува Прелевиќ.

„Факт е дека државата е трома, државата е спора. Веројатно сослушале сотини сведоци. Се надевам дека добро одмериле и дека не излегоа да гаѓаат со сачмарка, туку точно знаат кој го сторил тоа. Мислам дека до тоа можеше да дојде и порано, но не сметам дека суштина на се’ е брзината. Суштината е вистината, а не брзината“, нагласува Прелевиќ.

Brennendes Fahrzeug der Grenzpolizei im Kosovo

Немирите од 2008-ма година

Да се открие кој стои зад насилството

Фамозната политичка воља, за жал, многу често е причината зошто некои работи не се решаваат побрзо, или зошто побрзо не започнуваат правосудните процеси, оценува за ДВ Милан Антонијевиќ, директор на Комитетот на правници за човекови права (ЈУКОМ).

„Она што е битно во целиот овој случај е дали ќе се оди подалеку од оние кои се непосредни сторители. Дали ќе се оди на луѓе кои се одговорни за поттикнување на вршење на овие кривични дела, кои се инспиратори на нападите кои се случија тогаш. Со тоа ќе се покаже дали Србија има желба ваквите случувања да не се повторат во иднина, или и натаму ќе останеме заробеници на оние кои беа инсипратори на овие кривични дела“, вели Антонијевиќ.

Ситен гест за американско- српските односи

Милан Антонијевиќ смета дека сегашното процесуирање на напаѓачите на американската амбасада нема премногу да влијае на некакво подобрување на односите со САД. Пред се’ сето ова се случува многу доцна, освен ова и од американска страна немаше некој голем притисок во последните години да се работи на расветлување на случајот. Божо Прелевиќ од друга страна оценува дека пофалбите кои сега стигнуваат од американска страна би можеле да бидат и контрапродуктивни за сегашната власт.

Поврзана содржина