1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кој стои зад нападите!?

183 загинати и повеќе од 700 повредени е последниот биланс од вчерашните бомбашки напади на желеницата во градот Мумбај во Индија. Градот од утрината се обидува да се врати во нормала. Роднините бараат информација повеќе, властите трагаат по организаторите на нападите.

Полициска истрага на местото на нападите

Полициска истрага на местото на нападите

Повеќе роднини на повредените трагаат по своите најблиски на денот по нападите. Ова е грозоморната слика во болниците во Мумбај. Во меѓувреме има доволно медицински материјал и резерви од крв, Информациите семејствата пристигнуваат бавно. Идентификувањето на мртвите се одвива тешко. Роднините најчесто реагираат со бес:

„ До утрината во болницата Сион беше извршена обдукција на десет тела. Со вакво темпо тоа ќе трае три дена. Овде велат дека имаат малку персонал. Зошто тогаш не побараат засилување? И тоа бргу бидејќи телата започнуваат да се распаѓаат„

И покрај шокот многу жители на 15 милионската метропола по серијата напади од утрината се вратија во нормалниот живот. Железничкото претпријатие во текот на ноќта ја поправи оштетената мрежа. Возовите повторно сообраќаат. Берзата во финансиската метропола наместо предвидените загуби оствари забележжителни добивки, а бироата, канцелариите и училиштата беа нормално отворени.

„Одам на училиште и не се плашам. Но се прашувам што точно се случи, зошто Пакистан убива недолжни луѓе? Зошто сега го направија тоа? Зборува еден ученик

Најголем дел од граѓаните и практично сите експерти за тероризам сметаат дека одговорни за нападите се муслиманските екстремисти од регионот на Кашмир кои имаат врски со Пакистан. Но и покрај ова сеуште неможе со сигурност да се потврди кој стои зад нападите во кои бил употребен пластичен експлозив.

Индиските власти ги повикаа граѓаните на смиреност и побараа трпение додека се објават детали од истрагата. Дополнителни полициски сили се распоредени на јавните места како превенција од натамошни напади и евентуални насилоства меѓу муслиманите и индусите Премиерот Манмохан Синг за вечерва најави обраќање пред јавноста. Американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс најостро ги осуди нападите

„ Дозволете да кажам дека целосно го осудуваме овој ужасен терористички инцидент. Сочувствуваме сосемејствата на загинатите и повредените. Ќе ја поддржуваме Индија во борбата против теророт. Ова покажува дека вакви ужасни напади против недолжни луѓе може да се случат секаде во светот. Ние сме со Индија во овие времиња„рече Рајс

Нападите во Мумбај, најтешки по оние од 1993 во кои загинаа 250 лица, ги осуди и пакситанскиот претседател Первез Мушараф.