1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој со кого се пресметува преку лустрацијата?

Македонскиот премиер Никола Груевски во парламентот изјави дека има право да ги коментира одлуките на Уставниот суд. Неговиот претседател, Трендафил Ивановски, повтори - не се повлекува од функцијата поради лустрацијата.

default

Лустрацијата беше тема и на пратеничките прашања во Собранието

Македонскиот премиер Никола Груевски, одговорајќи на пратенички прашања на денешната собраниска седница, рече дека тој и владата ги спроведуваат сите одлуки на Уставниот суд, овозможуваат максимално добри услови за тој нормално да функционира и да одлучува, но оти како и секој граѓанин на Македонија има право да го даде сопственото мислење за секого, вклучително и за работата и одлуките на Судот.

Груевски ова го изјави одговарајќи и‘ на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, која го критикуваше дека ја коментирал лустрацијата и работата на Уставниот суд.

Ивановски не се повлекува од функцијата

По добиеното решение од Комисијата за лустрација, која го прогласи за соработник на тајните служби, претседателот на Уставниот суд на Македонија, Трендафил Ивановски денеска повтори дека не се повлекува од функцијата бидејќи тоа би значело оти ја признава вината.

Trendafil Ivanovski Verfassungsrichter Mazedonien

Трендафил Ивановски

Тој на денешната прес-конференција изјави дека ниту дал согласност, ниту има писмен документ дека соработувал со тајната полиција.

Според него, направени се измени во досието што му било доставено на увид на 24 септември годинава во однос на решението што денеска Комисијата за лустрација му го доставила.

Toj изрази сомнение дека досието се доработува и додаде дека за манипулациите со досието ќе направи проверка дали тоа е од Државниот архив или од Комисијата за верификација на факти, или такви податоци се содржина на органот-тогашната УДБА од 1964-1965 година, за што размислува да поднесе кривична пријава.

Ивановски повтори дека во средината на шеесеттите години бил предмет на обработка на тајните служби и оти бил прогонуван, а тие информативни разговори му послужиле на некого отпосле да изврши фабрикација на досието. Според Ивановски, лустрацијата каква што е во неговиот случај „не е лустрација, туку кастрација и сатанизација“.

Ивановски тврди дека преку него се прави обид да се дискредитира самата функција, поради фактот што на седниците на Уставниот суд паднале повеќе неуставни закони.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Жана Ацеска