1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој со кого на изборите во Македонија?

Како изгледа партиската и коалициска мапа на Македонија во пресрет на можните предвремени парламентарни избори во земјата? Предизвикот за сите партии се околу 50 насто неопределени граѓани.

default

Традицонални ривали во албанскиот и македонскиот дел од електоратот, новоформирани партии и ненајавени коалици, распад на постојните сојузи независни листи и регистрирани движења, старо лидерство во реобновени улоги. Со ова се исцртува партиската мапа, но и личностите кои ќе ги предводат изборните каравани. Засега е сигурно дека едни наспроти други ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ДУИ контра ДПА. Последната сондажа на Институтот за демократија покажа двојна предност на владеечките партии, но со над 50 насто од неопределени и 15 проценти кои стравуваат да кажат за кого би се определиле на вонредното гласање.

Prime Minister Ljubcho Georgievski

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски повторно на парламентарни избори

Враќање на Љубчо Георгиевски

Во владеечката коалиција има сигнали дека би останале само партиите на медиумските тајкуни кои ги поседуваат телевизиите Канал 5 и Сител, Иванов и Стојменов. Доколку отпаднат другите веќе се тестира расположение за голем сојуз на таканаречените мали партии, но и самостоен блок од етнички парти, ако се измени изборниот закон и парламентот се зголеми за 10 мандати, кои би им припаднале на Турците, Ромите, Србите, Бошњаците. Во таков случај на климави нозе е и опозицискиот коалициски блок, предводен од СДСМ заедно со малцинските партии.

Кај Македонците нова амбиција со своја партија покажува Филип Петровски, екс-пратеник и дипломат, но засега, од новоформираните, најамбициозен и интензивно присутен во јавноста и меѓу избирачите е Љубе Бошковски. Тој настојува да ги собере гласачите незадоволни од владеењето на премиерот Груевски.

„Груевски го послуша гласот на народот и подготвен е за избори иако и зад овој негов потег не стои добра намера за фер соочување, туку обид за изборна измама и повторно владеење со уште еден мандат“, рече Бошковски по повикот на премиерот за брзи избори во земјата.

Кон цврстото вмровско јадро ќе се насочи и екс-премеирот Љубчо Георгиевски, кој по повлекувањето од лидерската позиција на ДМПНЕ, изборниот пораз во 2002 година, како и апстиненцијата на последните избори 2008, сега, со неговата ВМРО-Народна партија, има сериозни амбиции да биде дел од идната владеечка коалиција. Во последниот јавен настап за ТВ А1 тој објасни зошто има потреба и лично да се врати на политичката сцена. „Изгледа како да заборавивме на нашите надворешно-политички и стратегиски приоритети ЕУ и НАТО, а и демократските процеси се во стагнација“, рече Груевски.

Jovan Manasievski, Mazedonien

Лидерот на ЛДП, Јован Манасиевски

ЛДП како опозициска алтернатива

Крајот на мај, е последниот рок за судска регистрација на партиите кои ќе треба да депонираат по илјада потписи од своите симпатизери, па потоа ќе се знае кој се ќе бидат учесниците на предвремените парлементарни избори. Дотогаш ќе се одржат мартовските конгреси, на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-НП. Први ќе стартуваат либералдемократите, кои со своите 4 пратеници останаа во парлементот и не се приклучија кон опозицискиот бојкот. Со новиот лидер Јован Манасиевски се обидуваат да се позицираат за прв самостоен настап, со веќе препознатлив слоган – добро е ако замине Груевски, лошо е што алтернативата е Црвенковски.

„Кој блефира, кој ска или несака избори? Мислам дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во оваа политичка сапуница само е уште еден доказ за генералната незрелост на нашето општетство и наклучните чинители Бранко и Грујо“, изјави Манасиевски, екс-министер во владите на СДСМ, во еден од своите последни ТВ настапи.

Нова Демократија го разбива бипартизмот кај Албанците

Во албанската заедница, невладината „Разбуди се“, прераснува во политичко движење, а неговиот челник се обидува да го привлече вниманието по рецептот на косовското „Самоопределување“, на Албин Курти. „Македонија да се уреди како Швајцарија на Балканот“, изјави Вељон Бела, откако благослов побара и од реисот на ИВЗ во Македонија.

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Имер Селмани, лидер на Нова Демократија

Нова Демократија на Имер Селмани се наметнува како третта опција во биполаризмот помеѓу тандемот Ахмети- Тачи, но особено е критичен кон владеачкиот тандем.

„Скандалозното издание на македонската енциклопедија, проектот ’Скопје 2014’, во услови на сиромаштија, се само дел од политичкото иритирање на јавноста, но и свесна политика на Груевски и Ахмети кои ја напуштаат евроатланската агенда и ја водат земјата во самоизлоација и нови етнички конфликти“, изјави Селмани во едно неодамнешно интервју за ДВ.

На последната анкета на популарни политичари, иако со скромен процент, се појавува и универзитетскиот професор Руфи Османи. Актуелен градоначалник на Гостивар во интервју за Дојче Веле заговара европски модел на македонска конфедерација со Албанците како уставотворен народ. „За оваа идеја ќе треба да се почека уште малку за да созрее кај македонскиот народ, неговата политичка елита и кај интелектуалците“.

Партиска битка во стари шаблони

Руфи Османи не успева да формира партија, засега е притаен, но се навестува дека ќе се појави на изборите со самосотојна кандидатска листа, а дури потоа би формирал и движење. Тој за ДВ изјави дека опцијата на Груевски му е поблиска, наспроти лидерот на СДСМ, во чија владеење, беше осуден како политички затвореник.

Ни по две децении македонска самостојност, десет години од Рамковниот договор, на партиската сцена сеуште ја нема класичната европска идентификација на идеолошките програми- лева или десна, демохристијанска или граѓанска. Напротив битката се’ уште е со речникот на национализам, во делби на патриоти и предавници, борци и дезертери?

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски