1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој профитира од гневот на муслиманите?

Протестите против антиисламски доживеаниот филм „Невиноста на муслиманите“ се израз на повредените религиозни чувства. Но, тие исто така се и дело на радикалните идеологии, кои следат свои сопствени цели.

Бран од зелени знамиња, бесни лица, камења фрлени од млади лица – од Тунис до Јемен муслиманите излегоа на улица за да го одбранат достоинството на религијата.

„Целиот свет мора да го препознае бесот во вашите лица, вашите тупаници и вашиот крик“, рече водачот на Хезболах Хасан Насралах во понеделникот (17.09), на митинг на неговата организација во јужниот, претежно со шиити населен, кварт на Бејрут. „Се‘ додека тече крв во нашите вени нема со молчење да ги толерираме навредите на нашиот пророк“, додаде тој.

Хезболах се бори за својата репутација

Долго време Насралах се немаше појавено во јавност. Исто така и за конфликтот во соседна Сирија тој одвај јавно зазеде позиција. Хезболах со години го поддржуваше режимот на Асад. Од пред неколку месеци кружат гласини дека борци од Хезболах се во Сирија. Солидарноста со Асад Хезболах ја плати со губење на симпатиите, а тој сега е зарозен и со можниот пад на диктаторот.

.

Хасан Насралах во Бејрут се претставува како бранител на исламот

Затоа се поставува прашањето – зошто Насралах се појави сега пред своите приврзаници, по повод филмот „Невиноста на муслиманите“? Бидејќи тој гледа на филмот како на можност да се презентира пред светот како предводник против САД и во исто време како бранител на исламот, објаснува Лурдес Видал од „Instituto Europeo del Mediterráneo“ во Барселона. Тој се обиде да го поврати загубениот терен, објаснува експертката за ислам и политиколог Видал. „Со своето појавување Насралах се обиде да добие нови приврзаници“, додава таа.

Протестите против филмот зафатија голем дел од муслиманскиот свет. „Салафистите сакаат со окупирање на јавниот простор во земјите од арапската пролет да покажат дека тие се движечката сила на улиците“, напиша панарапскиот весник „Ал Хајат“.

Мотивите на екстремистите се слични. Различни се околностите во кои тие дејствуваат. Експертот за ислам Рајнхард Шулце забележува дека тие се обидуваат да ги искористат протестите за свои цели.

„Се добива впечаток дека одговорните за нападите на јавно декларираните ултраши најдоа помош преку интерпретирањето на филмот за своите терористички напади“, објаснува Шулце.

Господар на манипулацијата

Ägypten Proteste vor der US Botschaft in Kairo

Антизападни протести во Каиро

Голем дел од Либијците, на пример, се дистанцираа подеднакво и од разбојниците и од терористите, исто како и Египќаните, кои во големо мнозинство се против салафистите. Природните симпатии на дел од египетските граѓани со радикалите ги објаснува политикологот на Американскиот универзитет во Каиро, Гамал Солтан:

„Станува збор за две работи. Едната се луѓето кои претежно потекнуваат од скромни кругови, верски високо чувствителна публика, која е подготвена да биде злоупотребена и да се манипулира со неа. Другата се луѓето кои ја користат оваа ситуација за свои цели“, вели Солтан. Тој ги толкува демонстрациите како дел од посеопфатен конфликт.

„Салафистите се натпреваруваат со Муслиманското братство за една иста идеологија. Затоа никој нема интерес за национален дијалог. Дали економските проблеми или антиисламското видео – се’ е во ред за да се оспори легитимноста на владата и да се унапредиат своите барања“, забележува египетскиот професор.

Исто така и владејачкиот во Газа исламистички Хамас ја користи оваа можност. Но, повикот за одбрана на исламот наидува на политички неуспех, објаснува Лурдес Видал.