1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој против кого во борбата за светски првак?

Денеска во Капштат, во Јужноафриканската Република, ќе се извлекуваат екипите по осумте групи за Светското првенство во 2010 година.

default

Врз основа на ранг-листата на ФИФА, Германија се наоѓа во првата од вкупно четири урни. Во неа се наоѓаат уште неколку други фаворити, како и домаќинот Јужноафриканската Република. Со тоа, селекцијата на тренерот Јоаким Лев е поштедена од прерана средба со екипата на Бразил како рекордер по бројот освоени титули светски првак или, пак, со други незгодни противници, како што се бранителот на титулата од минатото првенство Италија, европскиот првак Шпанија или силните тимови на Англија, Холандија и Аргентина. Секоја од овие екипи ќе добие по еден противник од преостанатите три урни.

Во урната број 2 се селекциите на земјите од Азија, Океанија и Северна и Средна Америка. Во урната број 3, пак, останатите тимови од Јужна Америка и Африка. Додека во урната број 4 се преостантите тимови од

Bundestrainer Joachim Löw

Ќе се радува ли и по жрепката? Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев

Европа. Поради тоа, германските фудбалери би можеле веќе во разигрувањето сепак да се сретнат со силни соперници како Брегот на слоновата коска, Нигерија или, пак, Франција или Португалија.

„Немам противници што би ги посакувал. Она што е важно, тоа е конечно да може да ги конкретизираме нашите подготовки за Светското првенство и да влеземе во следната фаза. Мораме да знаеме со кого ќе го играме првиот натпревар и кои противници се’ на се’ ќе ни‘ се паднат. Затоа со нетрпение го очекуваме извлекувањето“, вели селекторот Јоаким Лев.

Жрепка и за стадионите

Се’ уште не знае ниту која екипа со кого и каде точно ќе игра. Денеска ќе се извлекуваат и местата на одржување на натпреварите, со тоа што веќе сега се знае дека секој тим ќе мора да игра на три од вкупно деветте стадиони. Тие се сместени во осум градови, а само главниот град Јоханесбург има два стадиона. Четири од нив се потполно нови, а стандадрите по кои се градени се многу високи,

Südafrika Land und Leute Kapstadt Panorama

Капштат

вели професорот Фолквин Марг од германското архитектонско биро ГМП, кое беше одговорно за стадионите во градовите Дурбан, Капштат и Порт Елизабет. „Не само нашите стадиони, кои се многу различни, туку и останатите се изградени по врвни стандарди, по највисоките што се денес познати...“

Кампот на германската репрезентација се наоѓа во местото Центурион и е сместен стратешки добро, меѓу градовите Јоханесбург и Преторија. Со тоа на германските фудбалери нема да им претстојат долги патувања со автобус до стадионите каде што ќе треба да играат. Но, тоа ќе се знае точно дури вечерва (04.12.2009) околу 19.30 по средноевропско време.

Автор: Штефан Нестлер / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска