1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој прв ќе попушти во играта околу сукцесијата на имотот на СФРЈ?

Процесот на поделба на имотот на СФРЈ меѓу државите наследнички напредува само во делот на дипломатските претставништва. Останатиот дел од процедурата стагнира.

default

Темата сукцесија на материјалното наследство на поранешна СФРЈ не е решено повеќе од две децении. Во Хрватска минатата недла беше најавена нова фаза на поделбата на дипломатско-конзуларниот имот, а тоа е и единственото подрачје на сукцесијата кое донекаде функционира. На седница на хрватската влада е спомената иницијативата конечно да бидат продадени најврендите недвижности, во Њујорк и Бон, и очекуваните пари, во висина од неколку десетици милиони евра, потоа да бидат рамноправно поделени.

Хрватска досега презеде 17 објекти од поранешна Југославија во светот, со проценета вредност од околу 15 милиони евра. Додуша само мал од сето тоа веќе сега може да се наплати, додека за поголемиот дел допрва треба да се внесе новиот сопственик на имотот во официјалните документи, недвижностите треба да се реновираат и потоа да се одлучи што ќе се продава, а што ќе биде задржано за свои дипломатски потреби.

За сукцесијата неодамна проговори и министерот за економија на Србија Млаѓан Динкиќ, но во таа прилика стануваше збор за имотот на некогашните заеднички, сојузни претпријатија кои се наоѓаат на територија на Србија. Кризата можеби ќе помогне конечно да се реши она што упорно се туркаше под тепих и да се расчистат недоумиците околу имотот на државата која веќе не постои, додека голем дел од имотот на новонастанатите држави веќе е распродаден на различни приватни сопственици, неретко за мали пари.

Tonino Picula OSCE

Тонино Пицула: Работата запна веднаш

Освен недвижнините на дипломатско-конзуларните претставништва и заедничките претпријатија, во сукцесиските прашања се вбројуваат и девизните резерви на СФРЈ и меѓусебните долгови на одделни републики, како и архивскиот материјал, како документи на заеднички институции или филмска продукција. Последното подрачје се регулира со доста мака и одолговлекување, иако треба да се каже дека таму се утврдени барем некои рамки на соработка.

Тонино Пицула беше министер за надворешни работи на Хрватска во време кога прв пат ба сериозно удрени темелите на сукцесиската процедура, во периодот од 2000 до 2003 година. Тој за ДВ вели:

„Меѓународната заедница тогаш не‘ поттикнуваше да го отвориме овој процес, иако беше повеќе од јасно дека се нужни долготрајни и детални подготовки. Сакавме да придонесеме за стабилизација на регионот, па се согласивме на забрзан почеток, без оглед на тоа што некои аспекти на сукцесијата не можеа да бидат имплентирани ниту брзо ниту едноставно. Но работата веднаш запна и судејќи според се‘ не е суштински продолжено до денес.“