1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кој оди на ракометниот „Фајнал фор“?

Реванш четвртфиналните натпревари од ракометната Лига на шампиони ќе се одиграат денеска и утре (27/28.04.2013). Викендов ќе биде познато кој ќе игра на завршниот турнир во Келн, таканаречениот „Фајнал фор“.

Два натпревара од реваншот во четвртфиналето се играат денеска (27.04), а два утре. Македонскиот првак Металург утре во 17 часот гостува кај полскиот шампион Киелце. Противникот има предност од првиот дуел по победата во Скопје од 27:25. На ова гостување Металург ќе настапи без повредените Миладин Козлина и Дамир Батиновиќ, кои останаа во Скопје.

Вечерва во 19 часот во „Блауграна“ во Барселона е шпанската пресметка меѓу шпанскиот првак Барселона и Атлетико Мадрид. На првиот натпревар Атлетико победи со 25:20. Во терминот од 16 часот денеска играат унгарски Веспрем и европскиот шампион Кил. Предност од еден гол од првиот натпревар има Кил (32:31 за Кил на првиот дуел).

Утре покрај дуелот Киелце – Металург се игра и дуелот на германските екипи Хамбург и Флензбург. Хамбург е пред пласман на „Фајнл фор“ во Келн, бидејќи на првиот натпревар како гостин победи со 32:26.