1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кој каде ќе се натпреварува во наредната сезона?

Победи и трнасфери го карактеризираат овој преоден период во светото на фудбалот. Македонскиот репрезентативец Митревски ќе се натпреварува во гермаснки фудбалски клуб.

Од натпревар во Бундеслигата

Од натпревар во Бундеслигата

Германскиот прволигаш Херта од Берлин е на прагот на пласман во главната рунда на Купот на УЕФА: во третото коло на Интертото-купот како гостин забележа победа во Москва со 2 спрема 0, па реваншиот се чини повеќе како формалност.

Новиот член на Бундеслигата Енерги од Котбус како засилување го ангажира македонскиот репрезентативец Игор Митрески. Договорот е со важност од една година, а Енерги има и опција за продолжување на договорот за уште една натамошна година. 27-годишниот централен одбранбен играч Митрески, досега беше член на Беитар од Ерусалим.

Баерн од Минхен и натаму не се откажува од намерата да го ангажира досегашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Руд ван Нистелрој. За 30-годишниот холандски репрезентативец е заинтересиран и славниот Реал Мадрид. Баерн му поднесе на Манчестер Јунајтед нова понуда и сега го чека одговорот, а според претседателот на Баерн Карл-Хајнц Румениге, со Нистелрој веќе била постигната согласност околу финансиската страна.

34-годишниот фудбалер на Шалке од Гелзенкирхен и репрезентативец на Данска Ебе Санд се прости од фудбалот со ревијален натпревар на кој присуствуваа 61 илјади гледачи. Во седумте години поминати во Шалке, Санд постигна 74 голови на 214 првенствени натпревари. Со 10 голови во 31 средба од европските купови тој е рекордер во клупската историја. Со Шалке во 2001-ва и 2002-ра година го освои Купот на Германија, а во сезоната 2000/2001 беше најдобар стрелец во првенството со 22 постигнати гола. За репрезентацијата на Данска одигра 66 средби и 22 пати ја затресе противничката мрежа.

Англискиот прволигаш Арсенал, чиј гол го чува првиот голамн на германската репрезентација Јенс Леман, се всели во новиот стадион со капацитет од 60 илјади места, кој се наоѓа недалеку од досегашниот стадион Хајбери. Новиот објект беше отворен со ревијален натпревар против Ајакс од Амстердам, по повод крајот на кариерата на хоалндскиот репрезентативец и долгогодишен напаѓач на Ајакс и на Арсенал Денис Бергкамп. Во Арсенал тој помина 11 години, одигра 423 натпревари и постигна 120 голови.

Пресудата по поднесените жалби во италијанскиот фудбалски скандал е одложена за утре. Поради манипулирање на резултатите на фудбалските натпревари, во прва инстанца Јувентус, Фиорентина и Лацио беа казнети со принудно враќање во втора лига, додека на Милан му беше ускратено правото да игра во годинашната фудбалска Лига на шампионите.

Колумбија истакна кандидатура за организација на светското фудбалско првенство во 2014-та година, најави потпретседателот на државата Франсиско Сантос. Но, Николас Леос, претседател на Конмебол - јужноамериканската фудбалска федерација, по средбата со Сантос изјави дека десет земнји од федерацијата предност му даваат на Бразил како можен домаќин на првенството.