Кој има шанса за победа на Косово? | Теми на денот | DW | 17.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кој има шанса за победа на Косово?

Петтите парламентарни и локални избори на Косово се во сенка на преговорите за статусот. Неколку партии на косовските Албанци ќе си ги одмеруваат силите. Србите во покраината најавија бојкот на гласањето.

default

Изборен плакат на ПДК

Три партии доминираат на политичката сцена во во Косово. Две од нив произлегоа до поранешната Ослободителна армија на Косово, ОВК, а третата е Демократски сојуз на Косово, која во деведесеттите години пружаше вооружен отпор на режимот на Милошевиќ. Демократскиот сојуз, партијата на починатиот претседател Ибрахим Ругова доминираше на Косово до избивањето на војната. Во меѓувреме го загуби приматот поради што мораше да влезе во коалиција со Алијансата за иднината на Косово, од чии редови доаѓа актуелниот премиер Агим Чеку.

Како и на опозиционата Демократска партија на Косово, ПДК и на владеачката Алијанса поради герилските борби во минатото, тешко оди дијалогот со српското малцинство. Портпаролот на партијата Авни Арифи вели:



„За танго се потребни двајца. Владата вложи големи напори за да им излезе во пресрет на малцинствата. На тој план е направено навистина многу. Во институциите се застапени 11% претставници на малцинствата. Српко-хрватскиот јазик е признат како втор службен јазик во цело Косово, а турскиот во општината Призрен. За жал, на српското малцинство им се врши голем притисок од Белград, кој преку нив сака да си ги оствари сопствените интереси.“

Бојкот на српското малцинство

Oliver Ivanovic, Serben-Führer im Kosovo

Оливер Ивановиќ

Најголемата партија на косовските Срби, Српската листа за Косово и Метохија на Оливер Ивановиќ првично се регистрираше за настап на изборите, за потоа да ја повлече листата со кандидати. Се уште не се знае дали и останатите помали српски партии ќе ги бојкотираат изборите. Ивановиќ изјави дека Белград одлучил Српската листа да не излегува на избори.

„За нас не се поставува прашањето, дали треба да излеземе на избори или не. Нам ни е јасно дека единствениот пат за соработка со косовските Албанци оди преку институциите. А тоа значи учество на изборите. Но, во Белград владее апсолутна согласност против изборите. Тоа значи дека многу мал дел Срби ќе излезат на избори и не би имале оддршка од локалното население“.

ОРА се залага за интеграција на малцинствата

Veton Surroi.jpg

Ветон Сурои

Партијата Ора на издавачот и публицист Ветон Сурои им станува конкуренција на трите добро етаблирани албански партии. Оваа партија му придава големо значење на интеграција на малцинствата, нагласува партиската гласноговорничка Теута Шахини.

„Малцинствата мора да бидат интегрален дел од Косово. Институциите мора да обезбедат едноставна и брза интеграција, со што секој граѓанин ќе може да даде свој придонес во општеството. На косовските Србија чија политика им ја креираат во Белград им недостасува одлучен лидер, што ја попречува нивната досегашна интеграција во општеството.“

На крајот во изборната трка се вклучи и Беџет Пацоли, косовски Албанец кој успешните бизниси во Швајцарија и Русија го направија мултимилионер. Неговата нова Алијанса за Косово во изборната кампања се промовира како партија која ќе донесе економски напредок.

На 20 ноември, три дена по изборите, меѓународната посредничка Тројка, на чело со ЕУ претставникот во неа Волфганг Ишингер ќе има последен обид да пронајде компромис меѓу Белград и Приштина. Во спротивно косовските Албанци ќе прогласат независност.