1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој е мотивот за убиството?

Властите во Сомалија сеуште не можат да го потврдат мотивот за синоќешното убиство на една италијанска калуѓерка, која беше застрелана во градот Могадишу. Еден од напаѓачите веќе бил уапсен а се бара соучесникот во нападот за кој не се отфрла можноста дека е одмазднички чин за говорот на Папата Бенедикт 16 во врска со исламот

Според информациите нападот врз италијанската калуѓерка бил изведен пред влезот на една болница во градот Могадишу каде 66 годишната Леонела Згорбати вршела обука на медицинските сетсри. Таа била застрелана од зад грб пред влезот на болницата. Притоа настрадал и нејзиниот телохранител. Исламските власти стравуваат дека убиството е поврзано со гневот на муслиманите заради говорот на папата Бенедикт 16. Еден од очевидците, вработен во медицинскиот центар изјави дека напаѓачите влетале во дворот и едноставно ја застрелале калуѓерката по што побегнале. Според времето на нападот се претпоставува дека тие чекале во заседа.

Врховниот исламски совет на Сомалиа најостро го осуди нападот како варварски и спротивен на учењето на Исламот. Заменик шефот за безбедност Шеики Муктар Робов изјави дека еден од напаѓачите веќе бил уапсен, а интензивно се трага и по вториот. Тој изјави дека засега не е познат мотивот, додавајќи дека не може да се отфрли ниту тврдењето дека заднината е верска. Убиството на 70 годишната калуѓерка италијанка се случи само два по повикот на имамот во Могадишу за прогон и убиство на сите оние кои го навредуваат исламот. Портпаролот на Ватикан Фредерико Ломбарди изјави дека убиството е ужасен чин и додаде оти се надева дека тоа ќе остане изолиран акт.