1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој е виновен за ОКТА?

Мислењата за тоа која штета е поголема - од склучувањето или од раскинувањето на договорот за ОКТА, се поделени

default

Опозициониот Социјалдемократски сојуз бара посебна седница на македонскиот парламент на која би се расправало за утврдување на одговорноста за случајот. Либерално –демократската партија обвинува дека премиерот Груевски кога бил министер за трговија потпишал писмо за ОКТА врз основа на кое е донесена неповолната пресуда на судот во Париз, а Груевски вели дека не потпишал никаков анекс-договор. Владата најави дека за случајот со рафинеријата ќе одговараат сите што се вмешани. Случајот ОКТА, по одлуката на судот во Париз дека македонската влада треба да и‘ исплати на грчката компанија Хеленик петролеум над 53 милиони американски долари плус камати, поради тоа што не се држела до договорот се‘ повеќе се вплеткува.