1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој е виновен за насилството во Кенија?

Ситуацијата во Кенија по спорниот исход на претседателските избори натамошно се заострува. По подметнатиот пожар во една црква во која беа затворени десетици луѓе владата ја обвини опозицијата за геноцид.

default

Застрашувачка слика по насилствата во Најроби


Во пожарот во црквата во градот Елдорет во западна Кенија  на 1 јануари загинаа најмалку 30 лица а власта и опозицијата вчера започнаа меѓусебнода си ја префрлаат одговорноста за досега најгрозоморниот масакр  по изборите. Во соопштение од Кабинетот на претседателот Мваи Кибаки , опозициските лидери беа обвинети за  детално го планирање и  финансирање на геноцид. Жртви во пожарот беа припадници на етничката група Кикију на која и припаѓа и Кибаки. Портпаролот на владата Алфред Мутуа , дури и лично му ја префрли одговорноста на претседателскиот кандидат  на опозицијата Раила Одинга:
„Нема ниту еден единствен случај во кој приврзаници на претседателот Кибаки повредиле приврзаник на опозицијата. Одговорен за насилството е само еден човек: Раила Одинга , кој спроведува етничко чистење против Кикију“
Меѓутоа еден од водечките  лидери на опозицијата  Вилијам Руто , кој истотака потекнува од регионот  околу Елдорет , остро ги отфрли обвинувањата и повторно ги повика неговите приврзаници да се воздржуваат:
„Ги осудуваме сите акти на насилство. Ги повикуваме нашите приврзаници насекаде во земјата дека секаков вид насилство е закана за демократијата која толку многу ја посакуваме“ Во меѓувреме се погласни се повиците од странство до опозицијата и власта во Кенија дека треба да постигнат договор за да му се стави крај на насилството и крвопролевањето. Но во овој момент разговори меѓу жестоко спротиставените страни не се на повидок. Инаку речиси никој во Кенија веќе не се сомнева во тоа дека претседателот Кибаки ги лажирал изборните резултати во своја полза . Дури и шефот на Изборната Комисија Самуел Кивуиту , кој во неделата и покрај големите протести го прогласи Кибаки за победник, во меѓувреме призна дека се наоѓал под голем притисок:
„Претставници на партијата на Кибаки постојано му се јавуваа и бараа веднаш да ги доставам резултатите . Не можам да кажам дека Кибаки навистина е победник „ Лидерот на опозицијата Раила Одинга од другастрана и натаму се држи до планот за организирање протестен марш против владата .  Во т.н „Марш на милиони“  што треба да се одржи денеска  во Најроби приврзаниците на Одинга ќе демонстрираат  против изборната измама на власта.