1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој доаѓал, земал од Македонија, сега никој не враќа

Повеќепати македонските артефакти го шетаат светот на различни изложби. Но, има ли сила Македонија да ги врати предметите кои во минатото и‘ биле одземени и се во туѓи музеи?

default

Македонските културни дела светот не ги знае често под вистинското потекло

Македонија нема дефиниран список на артефакти. Се претпоставува дека има над сто илјади предмети кои биле пронајдени на македонско тло, а на разни начини биле однесени од земјата и сега ги красат музеите ширум светот. Процесот на реституција или враќање е практично невозможен. Никој не сака да се откаже од предметите кои се од непроценливо богатство. За сите предмети што се отуѓени пред Втората светска војна нема правна основа да се побараат, бидејќи тогаш не постоеше Република Македонија, туку нешто друго. Но се‘ што е по неа, би требало да го побараме, пред се‘ на доброволна основа да биде вратено, вели Паско Кузман, директор на Управата за културно наследство :

„ Кој поминал, однесол. Артефакти од Македонија има главно во музеите во соседните држави. Има во Белград, има во Софија многу. Има и подалеку, во Бритиш музеум , во Америка, во Аместердам и во разни музеи во Европа и светот. “

Ikonostas Sv.Jovan Bigorski

На удар се често иконите во црквите (на фотографијата-иконостасот во Свети Јован Бигорски)

Артефактите во странство не се означени како македонски

Артефакти во музеите малку или воопшто не се претставени дека се од Република Македонија. Го пишува името на предметот, локалитетот, а земјата-не. Често тие се водат како бугарски, српски или грчки. Политичкиот проблем со името на државата го отежнува претставувањето, но и процесот на враќање. Сепак не стоиме со скрстени раце додава Кузман:

„Во моментот во Управата ние ги дополнуваме и ажурираме списоците. Оваа и или идната година ќе направиме неколку публикации, еден или два тома со што ќе ги евидентираме сите македонски предмети кои ни се достапни по светските музеи и другите светски колекции“.

Кузман најавува дека во име на Македонија ќе прати писмо до сите поголеми музеи кои имаат скулптури, ракописи, икони од македонската почва и ќе бара да се вратат. Се изнесувало легално и нелегално:

„На пример, Атена од Хераклеја се наоѓа во Бритиш музеум. Има околу дваесет илјади икони од македонските цркви и манастири кои се отуѓени по светот. Иконите од Свети Наум не се пронајдени. Шест икони од Свети Јован Богослов – Канео со непроценлива вредност од Охрид беа украдени, Интерпол ги врати, пак беа украдени и никогаш не се пронајдени. Златните маски од некрополата Требеништа се во Белград и Софија. Уште 187 археолошки предмети се во Софија, а две други златни маски и уште 257 предмети се легално однесени во Белград и се таму. Таму се и речиси половината од најзначајните артефакти од Стоби“.

Museum für zeitgenössische Kunst, Skopje, Mazedonien

Музејот за современа уметност во Скопје

Евидентирање на културните дела

Министерството за внатрешни заедно со МПЦ ОА работи проект за евидентирање на иконите, резбите и се‘ што може да се изнесе од нив. Интерпол не може да постапува ако немаме одговор на одредени прашања сврзани со украдените предмети, признава портпаролот на МВР Иво Котевски :

„МВР до Интерпол веќе испрати една база на податоци која содржи околу 80 икони коишто се украдени и по кои се трага, за кои се поседува точен опис како тие изгледаат. Така Интерпол може потрагата да им ја пренесе на полициите во светот, а тие доколку влезат во трага на предметите, да ја известат македонската полиција . “

Потешко е со дивите копачи, сепак лани МВР во акцијата Фаланга спречи шверцерски канал со што беше спасено археолошко богатство со кој може да се опреми цел музеј.

Само мал дел од македонското богатство: Златната маска и ред други златни предмети и вредни икони веќе се во Утрехт – Холандија. Таму на 8 февруари е отворена изложбата „Христијанството во Македонија “ и ќе трае три месеци.

Автор : Милчо Јованоски

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина