1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кој ги замолчува македонските новинари?

Зошто Македонија е се’ полошо рангирана на листата на Фридом Хаус? Годинава e на 94 та позиција. Од земјите од регионот зад неа се само БиХ и Косово. Што мислат новинарите-кој ја ограничува слободата на печатот?

default

Загрижувачка состојба во новинарската професија, застој во сферата која по дефиниција треба да биде општествена авангарда и столб на демократските процеси. Новинарите се соочуваат со слабости во сопствените редови, немоќни се пред интересите на сопствениците на медиумите, неотпорни на влијанието на политиката. Главниот уредник на „Дневник“ Сашо Кокаланов се повикува на мудроста која вели дека слободата не се дава, туку се освојува. Затоа новинарите треба да тргнат од себеси во битката против ограничувањето на слободната мисла.

“Има една изрека која вели-’Кога ќе речам слободен сум, веќе е направен чекор кон освојување на слободата’. Значи ние треба прво во нашите глави да се ослободиме од автоцензура, потоа да се избориме со нашите газди, со менаџерите. Ако не успееме, илузорно е да очекуваме власта, која по дефиниција се труди да го освои медиумксиот простор, да ни ја даде слободата на тацна“, вели Кокаланов.

Политички амбиции на медиумските газди

Самокритична е и Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Но, според неа, политичките амбиции на медуимските газди најмногу ја ограничуваат слободата на печатот. Бројот на критички настроени медуими се зголемува правопропорционално со намалувањето на обемот на владини реклами во нив, вели Костова.

“И во времето на Милошевиќ имаше медуими кои го критикуваа неговиот режим, но тоа не значи дека имаше слобода на печататот“, вели Костова.

Symbolbild Unterdrückung der Pressefreiheit

Треба да се менува свеста

Реалноста остава простор за надеж дека доаѓаат поубави денови за журналистичката работа. Но треба да се менува свеста, на новинарите истовремено и на политичарите, смета шефот на информативната редакција на А1 телевизија, Младен Чадиковски.

“Дефинитивно е потребна промена на свеста. Власта да сфати дека критиката не е удар врз неа, туку обид да се натераат политичарите да работат подобро. Да сфатат дека ние не сме малициозни кога критикуваме, туку ги ловиме грешките за утре да не се повторат. Кога тоа ќе го сфатат ќе има подобри денови за новинарството“, вели Чадиковски.

Македонија е една од земјите со најголем број на медуими по глава на жител, особено елетронски. Бројноста ги прави финансиски слаби и неопорни на бизнис и политички влијанија. Ако на почетокот на транзицијата плурализмот во медуската сфера беше браник на демократските вредности, сега медиумите се заразени со вирусот на непрофесионализам и недоверба во јавноста. Се разбира исклучоци има, а јавноста нив најдобро ги препознава.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска