1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој бил Лудвиг ван Бетовен?

Лудвиг ван Бетовен одамна е овековечен со мермерни бисти, но сепак многумина се прашуваат: кој бил тој? Неговите современици го доживеале како „тешка“ и таинствена личност.

default

Портрет на славниот компонист од 1823 година

Бетовеновиот „див и неуреден изглед, очи од кои зрачи недоверлива енергија, неговата коса која со години не видела ниту чешел , ниту ножици“ го правеа непогоден за друштво, вели британскиот аристократ Џон Расел. Но, каков човек бил Лудвиг ван Бетовен?

Излетот во неговото детство не‘ води до родната куќа во Бон. Во сопчето на подкровјето, на местото каде најверојатно некогаш стоела колевката, сега се белее бистата на композиторот од последните години од неговиот живот во Виена. Д-р Михаел Ладенбург, кустос во Бетовеновата куќа, вели дека композиторот изгледал сосема поинаку за разлика од оној идеализиран лик што го знаат сите. Тој во интервју за Дојче веле вели: „Бетовен бил висок 1,60 сантиметри, со грдо лице, не негуван, со големи лузни по лицето од сипаниците што ги имал како дете, но бил многу харизматичен. За жените бил неверојатно многу атрактивен.“

Еден Денди во Виена

Beethoven in Bildern 2009 Flashformat Flash-Galerie

Музиката и пијаното биле животот на Бетовен

Историјата го стилизираше Бетовен во титан на музичката уметност со тешка судбина. Меѓутоа, современиците велат дека неговите писма и белешките од разговорите го прикажуваат како весел љубител на храната и алкохолот, како непедантен и незгоден кираџија, како деликатен, раздразлив, страствен и дрзок уметник, но добар пријател со големо срце. И покрај тоа што бил таков Бетовен кратко по пристигнувањето во Виена нашол влијателни спонзори и контакти со луѓе од аристократските кругови. Со цел да остави впечаток кај нив тој се облекувал по најнова мода, бил елегантен, па дури со купил и коњ.

Вечната љубов – Бетовен и жените

Deutschland Literatur Bettina von Arnim

Дали Бетина фон Армин била „големата љубов“ на Бетовен?

Бетовеновиот однос кон жените бил и ќе остане загатка. Тој никогаш не се оженил. Често се заљубувал во жените-аристократки на кои им држел часови по пијано, но имал и бројни „романтични афери“. Се’ уште не е јасно кому му ги посветил овие напишани зборови: „Во кревет се’ уште мислам на тебе, моја вечно сакана, понекогаш сум радосен, понекогаш тажен...Можам да живеам само со тебе, без тебе не можам да живеам воопшто. Да, затоа се одлучив да талкам во далечината се’ додека не можам да поитам во твоите прегратки...“

Неговиот однос кон општеството

Geburtshaus von Ludwig van Beethoven in Bonn

Куќата каде е роден Лудвиг ван Бетовен

Бетовен немал „влакна на јазикот“. Освен тоа, умеел и сочно да псуе. Џон Расел пишува како Бетовен редовно одел во кафеана „каде во некој ќош пиел вино и пиво, јадел кашкавал и солени риби и читал весник.“ Доколку се појавел некој на вратата од кафеаната, што на Бетовен не му се допаѓал, тој плукал неколку пати на подот и гласно ќе извикал „каква одвратна фаца“, а потоа ја напуштал кафеаната.

Под притисок на болеста

Уште во 1796 година се појавиле првите знаци за глувост кај Бетовен. Тој се чувствувал се’ повеќе изолирано, се повлекол, станал срамежлив и се плашел да

Beethovens Hoerrohr und Manuskript

Цевката со која се обидувал слуша Бетовен

  одржува контакт со луѓето. Во писмото до неговите браќа во 1802 година, Бетовен, тогаш имал 31 година, им се доверил дека размислува да се самоубие. „Сум се родил со лут темперамент, со живост“, пишува тој во писмото, „а сега морам морам да го водам животот во самотија. На луѓето не можам да им кажам: ’зборувај погласно, врескај, затоа што сум глув!’ Па, како може луѓето да сфатат дека музичарот компонира без слух?“

Бетовеновите карактерни маани со текот на времето и како поминувале годините станувале се’ полоши. Во доцната фаза на неговата глувост тој со себе ја носел книгата за разговори како би можел некако да комуницира и  да се разбира со другите луѓе. Д-р Михаел Ладенбургер извлекува резиме: „Бетовен од слабостите во својот живот и својата личност црпел голема сила, зашто работел на себе и успеал да постигне извонреден резултат, што го покажува неговото дело“.

Автор: Хилдбург Хајдер Занг/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска