1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој беше „крал на поп - музиката“?

default

Со музиката беше од детството. Во осумдесетите години на минатиот век ги испеа хитовите „Били Џин“ или „Трилер“. Албумот под тоа име од 1982 година е комерцијално најуспешниот музички албум на сите времиња со 65 милиони продадени примероци. Во текот на кариерата доби безбројни музички признанија.

Но, не беше во фокусот само со својата музика, туку и со значителната промена на својот изглед. Кожата му стана бела, носот мал. Со него е поврзан и скандалот што изби во 1993 за можна злоупотреба на малолетници.

„Кралот на поп - музиката“ ненадејно почина на 50 годишна возраст.

Ако сакате да учествувате во наградната игра, одговорите испраќајте ги на адреса: macedoni@dw-world.de

Награда за претходното прашање

Одговор на претходното прашање: кој е победник на Купот на Конфедерациите, е: Бразил.

Добивме 23 точни одговори, а добитник на наградата, фудбалска топка е Зоран Јевремовиќ од Скопје.

WWW-линкови