1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кој беше Качински?

Антикомунистичкиот став и борбата против корупцијата и криминалот го доведоа Лех Качински на највисока државна функција. Со братот Јарослав по распаѓањето на синдикатот Солидарност го обедини блокот на десниот центар.

default

Лех Качински и сопругата Марија

Лех Качински е роден на 18 јуни 1949 година во Варшава, еден час порано од неговиот брат близнак Јарослав. Во текот на Втората светска војна нивните родители биле активни учесници на Варшавското востание против германските окупатори.

Во својата татковина Лех Качински стана познат уште од младите денови, со својот брат беше филмска ѕвезда во бројни бајки. Лех Качински, кој беше голем католик, студираше право и реши да се занимава со политика.

Lech Kaczynski bei Papst Benedikt 2009

Лех Качински и папата Бенедикт Шеснаесетти

Заедно со Солидарност и Лех Валеса

Кога полските работници во судир со комунистичките властодршци го формираа синдикатот Солидарност, браќата Качински го поддржа работничкиот водач Лех Валеса. Лех Качински му беше правен советник на Валеса при формирањето на Солидарност, а со својот брат беа активни во опкружувањето на Валеса до раните 1990-те години.

Brüder Lech Jaroslaw Kaczynski Archiv 2005

Браќата Качински

Заедно  со братот  Јарослав ја формираше национално-конзервативната Партија на правото и правдата. Се залагаше за јакнење на улогата на државата и го нагласуваше значењето на националните вредности. Од 2000 до 2001 година беше министер за правда.

Lech Kaczynski polnische Ratifizierung des EU Reformvertrags 2009

Ратификување на Лисабонскиот договор

Критички курс кон ЕУ

По неговиот избор за претседател на државата, Полска се претвори во „Република на близанците“. Неговиот брат Јарослав од 2006 до 2007 година беше премиер, двајцата браќа истовремено ги извршуваа двете најважни функции во државата. Двајцата браќа водеа критички курс кон ЕУ, Лех Качински како претпоследен шеф на држава го ратификуваше Лисабонскиот договор на ЕУ, последен беше чешкиот претседател Вацлав Клаус.

Лех Качински во 1978 година се ожени со својата љубов од факултетски денови, Марија, со која има една ќерка.

Автор: ЖА/АТ/ дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска