1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кој беше Вагнер?

Поетот, режисер, диригент, писател и пред се' композитор беше роден на 22. мај 1813. година во Лајпциг и за многумина е загатка. Околу неговата личност до денес се кршат копјата.

Рихард Вагнер беше еден од највлијателните Германци на 19. век. За него било повеќе напишано отколку за некоја друга личност од историјата, со исклучок на Исус Христос и Наполеон Бонапарта. На неговиот 200. роденден Вагнер и натаму поларизира. Едните го гледаат како генијален создавач, другите го отфрлаат поради неговите антисемитски списи. Во секој случај неговите опери се изведуваат повеќе од кога и да е.

Вагнер е роден на 22. мај 1813. година. Неговиот татко Карл Фридрих Вагнер беше записничар во полиција, мајка му Јохана Розине Вагнер, со моминско презиме Пец, беше ќерка на пекар. Момчето со крстено име Вилхелм Рихард Вагнер уште од раното детство се интересираше за театар. На почетокот сакаше да стане поет, но откако на 16 годишна возраст ја слушна изведбата на операта на Бетовен „Фиделио“, посака да стане композитор.

Christine Wilhelmine 'Minna' Planer

Кристијане Вилхелмине „Мина“ Планер

Уште во 1831. година, додека студираше музика, разви план да ја напише првата опера. За тоа самиот го напиша текстот, пристап кој го задржа целиот свој живот.

Кога имаше 20 години Вагнер раководеше со театарот во Магдебург. Таму се заљуби во актерката Мина Планер. Тие стапија во брак, но немаа деца. Рига и Париз беа следните станици на композиторот, кој не можеше да седи на едно место и кој имаше проблеми со парите и луѓето на кои им должеше пари.

Вагнер во Париз живееше во сиромашни услови и ги пишува раните опери, меѓу нив и „Летечкиот Холанѓанин“. Во тој период започна и да се занимава со левичарските револуционерни струења.

Во 1842. се пресели во Дрезден. Во истовреме работеше на повеќе дела и меѓу другото започнува да се занимава со идејата за „севкупно уметничко дело“, во кое се сплотуваат поезијата, музиката и акцијата.

Зошто Вагнеровото дело е актуелно до денес? Неговата правнука Катарина Вагнер има објаснување: „Токму кај делата на Вагнер станува збор за основните елементи на човековото постоење и за основните чувства како љубомора, моќ, љубов, омраза. Тоа се природни работи, кои секогаш ќе бидат актуелни, додека постои човештвото“.

Револуционер и прељубник

Richard Wagner mit Ehefrau Cosima

Рихард Вагнер со сопругата Козима

Во мај 1849. година Вагнер учестуваше во „Мајскиот бунт во Дрезден“, по што беше издадена потерница по него и мораше да ја напушти Германија. Во 1846. композиторот повторно беше во Германија, очаен и со финансиски потешкотии, блиску до самоубиство. Во тој период тој доби писмо од 18- годишниот баварски крал Лудвиг Втори, кој му беше мецена на Вагнер до крајот на неговиот живот.

По неколку љубовни врски пред и по смртта на неговата сопруга Мина, Вагнер живееше во Трибшен, во близина на Луцерн со Козма фон Билоу, ќерката на Франц Лист и сопруга на диригентот Ханс фон Билоу, еден од неговите пријатели. Од таа врска, пред да стапат во брак, се родија три деца.

Бајројт и Венеција

Во баварското градче Бајројт Вагнер го пронајде местото каде може да ги оствари своите визии, далеку од културните сцени на големите градови, во зграда која самиот ја проектираше - публиката ќе може во целост да се фокусира на проучување на односите меѓу музиката и сценската слика.

Das Festspielhaus in Bayreuth

Бајројт

Тоа за првпат се случи во август 1876. година при праизведбата на Вагнеровиот циклус од четири опери. „Прстенот на Нибелунзите“. Рихард Вагнер почина на 13. февруари 1883. година во Венеција.

Зошто Вагнер не' фасцинира до денес? Тој е еден од највлијателните композитори во историјата. Неговата позната романтична музика до денес не‘ возбудува. Вагнер сакаше да ги револуционира театарот и операта, и самиот беше вплеткан во политичка револуција и подоцна се идентификуваше со германските национални струења.

Дали беше социјалист? Националист? Што велат за тоа неговите обемни записи? Како да се толкуваат тие? За секоја теза на композиторот таму може да се најде и антитеза. Што кажува неговата музика? Дали и таа како и списите содржи антисемитски идеи? Ова и натаму е спорно.

Диригентот Криситијан Тилеман смета дека таквите дебати немаат смисла: „Музиката не можете да ја полемизирате. Тоа е најголемото недоразбирање во секое време. Изборот на темпото кај 'Мајсторот пејач од Нирнберг' нема никаква врска со политиката. Ако изборот го правите мислејќи на политика, тогаш тоа е штета и е погрешно“.

За што се залагаше Вагнер? На крајот на краиштата: само за себе.