1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Која е тајната на успешниот бизнис?

Посветеност во работата, трудољубивост и храброст се состојките во рецептот за успех што го нудат бизнисмените на годината во Македонија. Денеска (21.12.2009) беа избрани најдобрите во повеќе категории.

default

Упорната работа најсигурен пат до успех

Признанието е уште позначајно бидејќи станува збор за кризната 2009. Кога во економија штотуку опоравена од долготрајна криза а одново зафатена со глобална рецесија некој отвора нови погони и вработува нови луѓе, тогаш секако ја заслужува наградата бизнисмен на годината. Денеска Македонија ги избра најспособните за изминатите 365 дена во повеќе категории. За најуспешен претприемач во областа на микро претпријатија е прогласен Бејтула Биљали од „Свис центар“ од Боговиње, Тетовско, сопственик на фирма за изработка на прозорци и врати. Кризата не го загрижува многу.

„Ако велиме има криза и престанеме да работиме тогаш нема излез“.

Важна е желбата

Ако нешто многу сакаш да постигнеш и се посветиш на тоа шансата за успех е голема, вели најдобриот претприемач кај малите претпријатија Адем Кочан од скопски „Канет Агро“, претпријатие кое има свое оранжериско производство на раноградинарски култури во Гевгелија.

Platz in Veles, Mazedonien

И во криза не треба откажување, покажа пример од Велес

„Три фактори се важни. Посветеност, посветеност и посветеност. Ако бараш чаре, што би рекол нашиот народ, ќе го најдеш.“

Патот до врвниот бизнис не е лесен, а секоја приказна е посебна. Некој почнал со кредит, друг продолжил да го развива семејниот бизнис, трет почнал од нула. Таков е примерот на Трајче Трајков, сопственик на „Хемија-комерц“ од Велес, компанија за производство на декориран порцелан. Денеска доби признание за најбрзо растечка компанија во 2009.

„Јас сум од ’Порцеланка’ која згасна во 91 година. Човек кој остана без работа. Почнав бизнис и еве ги резултататите. Работа, работа и само работа. Имам двајца синови кои ми велат: тато, бизнис се почнува ако ми дадеш 50 – 100 илјади евра. Не синко, јас немав ниту едно евро и направив компанија“.

Малите и средни фирми доминираат

Во Македонија има повеќе од 60 илјади микро и мали претпријатија кои во периодот од 2006 до 2008 година бележат раст по основ на број на вработени, вкупни приходи, добивка и инвестиции. Во Европската унија големо значење и‘ се дава на улогата на малите и средните претпријатија во генерирањето на вкупниот економски раст, вели министерот за еконимија Фатмир Бесими. Во Македонија 99 проценти од вкупниот број на претпријатија отпаѓа на малите и средни фирми во кои работат повеќе од 70 отсто од вкупниот број вработени. Денешниот избор на претприемач на годината е во заедничка организација на владата, коморите европската бизнис асоцијација.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска