1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Која е оваа германска група?

default

Тие се во моментов најпознатите рокери во Германија. Земјата првпат слушна за нив во 2005 година, кога синглот „Durch den Monsun“ за кратко време го освои врвот на германската топ листа. Истата година беше издаден и нивниот деби-албум, „Schrei“, а во 2007 година и вториот, „Zimmer 483“.

По наградите на домашно тло („Ехо“ и „Златна камера), во 2008 година дојде и меѓународниот успех. Бендот ја доби наградата за најдобри дебитанти на MTV Video Music Awards во САД, беа првите Германци што освоиле награда на MTV Latin America Awards, додека на MTV Europe Music Awards беа прогласени за најдобар бенд во живо.

Нивните фанови во Германија, но и насекаде во светот, не мора уште долго да чекаат на новиот албум. Третото студиско остварување го носи насловот „Humanoid“, а деновиве почна да се врти и првиот сингл од овој албум, „Automatisch“.

Награда на претходното прашање

Одговор на претходното прашање: „Кој е капитенот на македонската кошаркарска репрезентација?“ е Врбица Стефанов.

Добивме 17точни одговори, а добитник на наградата чадор со логот на Дојче веле е Климентина Николоска од Охрид.