1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Која била Бетовеновата Елиза?

Во Бон почна традиционалниот фестивал посветен на најпознатиот син на градот. Големиот композитор Лудвиг ван Бетовен е автор на една од најоимилените мелодии во историјата на музиката, „За Елиза“. Која била оваа девојка?

default

Лудвиг ван Бетовен и Елиза

Од хардрок до џез, преку кабаре, до мелодии за мобилен телефон-оваа композиција е најзначаен пример за популаризацијата на класичната музика. Да можеше Бетовен да собира тантијеми, само „За Елиза“ ќе му обезбедеше статус на милијардер. Оваа мелодија ја познаваат дури и оние кои немаат ама баш никаква врска со класичната музика. Меѓутоа, речиси никој не знае, а малкумина се оние кои воопшто се прашуваат, која била прочуената Бетовенова Елиза. Клаус Мартин Копиц верува дека го знае одговорот, иако до него дошол сосема случајно:

„ Веќе со години работам на едицијата ’Бетовен во очите на неговите современици’. Собирам дневници, писма, приказни, сеќавања на сите личности кои го познавале Бетовен. Во тоа истражување е невозможно да се одминат некои женски имиња. Едно од нив е и Елизабет Рекел“.

Мелодија за разделба

Neues Logo Beethovenfest 2009

Логото на “Бетовен фестивалот“ во Бон, кој годинава се одржува под покровителство на канцеларката Ангела Меркел

Елизабет е родена во 1793 година и беше најмладата сестра на Јозеф Рикел, оперски пејач, музички соработник и близок соработник на прочуениот композитор. Неговата убава сестра, која интимно ја викаа Елиза, му беше многу драга на Бетовен. Веселата девојка беше музички образована и беше пејачка. Копиц смета дека Бетовен и‘ ја подарил „За Елиза“ на младата пејачка за разделба, кога таа во 1810 година заминувала во Бамберг, каде добила нов ангажман. Инаку, овие двајца уметници беа во многу блиски односи, така што Бетовен мелодијата не и‘ ја посвети на „госпоѓица Рекел“ туку на Елиза.

Но, иако не се гледале толку често, Бетовен и Елиза, судејќи според записите од нејзините дневници и писма, никогаш во целост не загубиле контакт.

„Занимливо е тоа што и самата Елиза говорела за дружењето со Бетовен. Таа не сметала дека би можело да и‘ наштети да зборува за тоа како и‘ било со Бетовен дури и со својот подоцнежен сопруг, Јохан Непомук Хумел. А според она што го говорела , нивниот однос бил навистина близок“, вели Копиц.

Тереза или Елиза?

Elisabeth Röckel Porträt von Möller um 1814

Портрет на Елизабет Рекел

Според него, дури ни фактот дека Елиза се омажила за Хумел не го расипало пријателството со Бетовен, кое траело до крајот не неговиот живот. Елизабет Рикел го посетила Бетовен на неговата смртна постела во март 1827 гидина и пресекла еден прамен од неговата коса, а тој и‘ го подарил последното перо.

Овој научник истотака дава и одговор на прашањето: како е можно досега воопшто да не се знаело за идентитетот на Елиза? Копиц тврди дека причината лежи во збрката што делумно ја предизвикале самите научници кои се занимавале со реконструкција на животот и делото на Бетовен. Така еден од нив, Макс Унгер, мелодијата чии ноти ги пронашол наместо „За Елиза“, ја преименувал во „За Тереза“.

„Тереза Малфати беше свршеничка на Бетовен, па на Унгер очигледно му било поедноставно оваа мелодија да ја нарече по неа, со оглед дека никогаш немал слушнато за Елиза“ .

Автор: Анастасија Буцко/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина