1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Коштуница: Престојните преговори може да бидат пресвртница

*

Српскиот премиер Воислав Коштуница денеска оцени дека престојните директни преговори меѓу Белград и Приштина во Њујорк би можеле да бидат пресвртница во донесувањето одлука на меѓународната заедница, дека идното уредување на Косово и Метохија мора да биде во согласност со меѓународното право и да биде решено исклучиво во Советот за безбедност на ОН. Коштуница додаде дека Србија не може да биде “насилно распарчена” и дека и за неа како и за секоја друга држава мора да важи повелбата на ОН. Србија на преговорите со Приштина и меѓународната посредничка Тројка во Њујорк закажани за 28 септември ќе биде претставена на највисоко ниво.