1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Коштуница во Берлин

*

Српскиот премиер Воислав Коштуница попладнево во Берлин треба да води разговори со германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпарол на германската влада денеска изјави дека планот на Марти Ахтисари е најдоброто можно решение за Косово.

Прашањето со статусот на Косово е едно од клучните во агендата на посетата на Коштуница, кој во Берлин доаѓа ден по случувањата во Советот за безбедност каде повторно не беше постигнат консензус околу текстот на новата предлог резолуција за идниот статус на покраината. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин изјави дека резолуцијата на САД, Велика Британија и Франција која предвидува дополнителни 120 денови за преговори и натаму е фокусирана на концептот за независност. Покрај Меркел, Коштуница ќе разговара и со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.