1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Кошаркарите на Германија сепак во четвртфиналето на ЕП

Германските кошаркари се провлекоа низ “иглени уши”

default

Меѓу најефиканските и кога не му оди: Дирк Новицки

Германија ја совлада селекцијата на Италија со 67 спрема 58 и ја искористи последната шанса за пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Интересно е дека ова е прва победа воопшто на Германија над Италија во досегашните 17 меѓусебни средби на разни првенства! Клучен за победата беше Јоханес Хербер, кој со 15 поени беше најдобар стрелец, заедно со Дирк Новицки. “Ова беше натпревар во кој секој мораше да придонесе за победата. Откако од првите неколку удари постигнавме погодоци, потоа беше полесно да се игра” – рече Хербер по средбата.

Во четвртфиналето Германија се среќава со Шпанија, светски првак и домаќин на Европското првеснтво.