1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Коха Диторе“: Ќе бидат сменети двајца членови на косовската влада

Заменикот премиер на Косово Бујар Букоши и заменикот министер за финансии Астрит Харачи, против кои се подигнати обвиненија во два одделни случаи, ќе бидат сменети до понеделник, пишува „Коха Диторе“.

Извори на приштинскиот весник „Коха Диторе“, блиски до кабинетот на премиерот на Косово Хашим Тачи, тврдат дека поради обвиненијата против Букоши и Харачи двајцата ќе бидат сменети од функциите коишто ги извршуваат.

Двајцата претставници на листата „Ибрахим Ругова“ се обвинети дека извршиле неколку кривични дела.

Заменик премиерот Бујар Букоши е обвинет дека во време додека ја извршувал функцијата министер за здравство извршил кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања, потпишување штетни договори и други дела. Заменикот министер Астрит Харачи пак, се товари за потпишување штетен договор во време додека ја извршувал функцијата министер за култура, младина и спорт.

Букоши вчера (06.07) изјави дека за подигнувањето обвинение дознал од медиумите, дека не е виниовен и дека е подотвен да соработува со судот. На прашањето дали поради обвинението ќе биде сменет, Букоши одговори дека тоа ќе биде познато во наредните денови.