1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Коха Диторе: Албанците од јужна Србија бараат национално обединување со Косово

Претставниците на Албанците од јужниот дел на Србија, бараат конечно да биде решено нивното прашање и „трите албански општини останати во Србија да се припојат кон Косово“, пишува весникот „Коха Диторе“.

default

Според пишувањето на „Коха Диторе“ што го пренесува агенцијата МИА, Албанците сакаат да ја реализираат оваа цел станувајќи дел од косовската делегација на идните разговори меѓу Косово и Србија, кои се планира да почнат наесен.

Градоначалникот на Бујановац Јонуз Муслиу, оценува дека учеството на претставниците од оваа област ќе и‘ биде на помош на косовската делегација. „Претставниците на народот од овој дел треба да бидат дел од разговорите и ние бараме да бидеме дел од косовската делегација. И разбирливо ние ќе бидеме силна страна во решавањето на политичкиот проблем во Прешево, Медвеѓе и Бујановац“, вели Муслиу за „Коха Диторе“.

Според него, годинава, кога се одбележува стогодишнината од прогласувањето на независноста на Албанија, прашањето на Албанците од Прешевската долина треба да се реши и трите албански општини треба да се обединат со Косово.

Барањето на Муслиу да бидат дел од косовската делегација на разговорите Приштина-Белград, ја поддржал и претседателот на здружението „Ватра“ Сејдула Кадриу.