1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кофи Анан пред Советот за безбедност за состојбата во Сирија

Илјадници Сиријци излегоа во Дамаск за да покажат лојалност кон претседателот Башар ал-Асад. Шест арапски земји пак ги повлекоа амбасадорите од Сирија.

default

Кофи Анан

Специјалниот пратеник на ОН и на Арапската Лига за Сирија, Кофи Анан денеска (16.03.2012) треба на Советот за безбедност на Обединетите нации да му ги изнесе своите согледувања за состојбата во Сирија. Од извештајот на Анан кој се сретна со сите страни во конфликтот во Сирија, ќе зависи и дали западните земји ќе направат нов обид за усвојување на резолуција против режимот во Сирија во Советот за безбедност. Русија и Кина решително го отфрлаа досегшните предлог резолуции.

Во главниот град на Сирија, Дамаск од другастрана се оддржаa демонстрации за поддршка на шефот на државата Башар ал-Асад. Илјадници луѓе излегоа на улиците веејќи знамиња и протестирајќи против годишнината од бунтот во земјата, за кој владата вели дека е организиран и спроведен од терористи, ганстери и екстремисти.

Syrien 15.03.2012 Demonstration Pro-Assad

Илјадници Сиријци излегоа во Дамаск за да покажат лојалност кон претседателот Башар ал-Асад.

Но, надвор од сирискиот главен град тенковите продолжија да пукаат врз областите во кои е сместена сириската опозиција.

Во меѓувреме шест земји од регионот на Персискиот залив донесоа одлука да ги затворат своите амбасади во Дамаск, како протест против насилствата во Сирија, објави денеска регионалната организација Советот на соработка во Персискиот залив.

Меѓу 8 и 9 илјади загинати во едногодишниот бунт

Во соопштението, челникот на советот, Абделатиф ал-Зајани ја оправдува ваквата одлука со фактот дека „сирискиот режим ги масакрира своите граѓани, дека ја избрал воената опција и ги одбил сите иницијативи чија цел е да се најде решение за кризата“.

Зајани побара од меѓународната заедница итно и цврсто да дејствува за да се запрат убиствата и масакрите во Сирија, како и кршењето на достоинството и на легитимните права на сирискиот народ, пренесува AFP.

Syrien Bürgerkrieg Kämpfe in Idlib Panzer explodiert

Борбите продолжуваат

Пред носењето на оваа колективна одлука на Советот, Саудиска Арабија и Бахреин веќе го најавија затворањето на нивните дипломатски претставништва во Сирија, така што сега им се придружуваат и другите членки на регионалната организација, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Катар и Кувајт.

Обединетите Нации проценуваат дека во едногодишниот бунт се убиени 8.000 лица додека пак Сирискиот центар за следење на човековите права, со седиште во Лондон смета дека бројот загинати лица во судирите меѓу противниците на сирискиот претседател Башар ал-Асад и владините сили надминал девет илјади.

Автор: АМ/СН/ап/афп/миа/дв

Редактор: С. Недевски