1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кофи Анан назначен за специјален пратеник за Сирија

Поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан е назначен за специјален пратеник за Сирија. Според ОН, Анан е назначен за „заеднички специјален пратеник на ОН и Арапската лига за кризата во Сирија“.

73-годишниот Кофи Анан од Гана ќе има заменик од некоја од арапските земји. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и шефот на Арапската лига Набил ал-Араби соопштија дека Анан ќе разговара со сите страни во кризата, во и надвор од Сирија. Денеска во Тунис на конференција за Сирија ќе учествуваат претставници на повеќе од 60 земји и меѓународни организации.

Kämpfe in Homs Syrien

Бобри во Хомс, Сирија

 На средбата на Контакт групата „Пријатели на сирискиот народ“ ќе присуствуваат и претставници на опозициониот сириски Национален совет. Русија нема да учествува на средбата. Контакт групата за Сирија е составена по урнек на групата за Либија, која во текот на изминатата година и‘ пружаше поддршка на либиската опозиција.

Најновите меѓународни напори за решение на кризата во Сирија не влијаат врз тамошниот режим. Силите на претседателот Башар ал-Асад и натаму го напаѓаат градот Хомс со несмалено темпо. Во упориштата на сириската опозиција состојбата е се‘ поочајна. Снемува лекови и прехранбени намирници. Голем број арапски организации поради тоа апелираа до Контакт групата да развие заедничка стратегија за ставање крај на насилството.

Автор: ЕМФ/дв/дпа

Редактор: А. Трајковска