1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Костов разговараше со Фишер

Македонскиот премиер Костов во посета на Берлин

Македонскиот премиер Костов во посета на Берлин

Разговори со германскиот канцелар Герхард Шредер и министерот за надворешни работи, Јошка Фишер, и со група парламентарци. Предавање на тема ”Улогата на ЕУ во стабилизација на земјите од ЈИЕ – искуства и очекувања на Македонија”. Така изгледа работниот дел од посетата на македонскиот премиер, Костов, денеска на Берлин, каде е пречекан со сите државнички почести. Посетата која завршува со прием во чест на Костов, во Европската академија во Берлин, претпладнево почна со средбата со шефот на германската дипломатија. На разговорите македонскиот премиер му ја пренел на Фишер благодарноста околу иницијативата на Бундестагот за референдумот и името и го информирал германскиот министер за подготовките во врска со реализацијата на референдумот. Фишер изразил разбирање за политичкиот момент околу референдумот, но и загриженост дека успешниот референдум негативно ќе влијае врз интегративните процеси на Македонија во евроатлантските интеграции. Костов изразил убеденост оти референдумот нема да успее и дека сите активности се концентрирани на пополнување на прашалникот на ЕУ.

Што се однесува до името на Македонија, истакнато е дека тоа прашање треба да се реши на билатерален план, затоа што Македонија е членка на ОН, а Грција и на ЕУ и НАТО, и со оглед на тоа изразено е очекување дека наскоро ова прашање ќе може да биде затворено.

На разговорите Костов - Фишер посебно се разгледани и состојбите на Косово по изборите. Заеднички став е дека треба да се исполнат стандардите пред да се изнајде решение за статусот. Констатирано е дека е грешка на српското население што не излезе на изборите и на тој начин ги пропушта приликите за остварување на своите права.