1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Коста Конкордија“ се заканува со нова катастрофа

Од потонатиот брод синоќа е извадена седмата жртва, бројот на исчезнати порасна на 29 лица. Министерот за животна средина на Италија Корадо Клини најави прогласување вонредна состојба поради излевање течности од бродот.

default

Бродот „Коста Конкордија“ пред брегот на Тоскана

Бројот на жртвите во несреќата на туристичкиот брод „Коста Конкордија“ утрово се искачи на седум лица, а се‘ уште трае потрагата по 29 исчезнати лица.

Досега спасувачите соопштуваа за 16 исчезнати лица, меѓу кои четворица италијански туристи, двајца Американци, две двојки од Франција и шестмина членови на екипажот.

Бродот „Коста Конкордија“ со повеќе од 4.200 патници и членови на екипажот во петокот вечерта се насука во близина на Тоскана откако удри во карпа.

Министерот за животна средина на Италија Корадо Клини најави дека ќе прогласи вонредна состојба поради протекувањето на течности од бродот. Со прогласувањето на вонредна состојба, италијанската Влада ќе може да оддели државни средства за спречување на евентуалната еколошка катастрофа.

Автор: БГ/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска