1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Коста Конкордија“ повторно се поместува, капетанот за несреќата ја обвинува компанијата

Спасувачката акција за пронаоѓање на 19-те исчезнати патници од бродот „Коста Конкордија“ е обновена, откако повторно беше запрена поради поместување на бродот. Во 1:30 часот по полноќ бродот повторно се поместил.

default

„Коста Конкордија“ повторно се помести

Утрово (22.01), откако се одржал технички состанок за утврдување на податоците за поместувањето на бродот, нуркачите повторно се најдоа под вода. Тие денеска повторно пронајдоа тело на жена и не се откажуваат од пронаоѓањето и на останатите 19 исчезнати лица.

Costa Concordia Bergungsarbeiten

Семејствата на исчезнатите се надеваат дека тие ќе бидат пронајдени живи

Фамилиите на исчезнатите не ја губат надежта дека нивните блиски ќе бидат пронајдени живи. Од крајбрежната стража велат дека треба да се случи чудо за да се пронајдат преживеани во несреќата. Спасувачите се обидуваат да ги утврдат последните движења на исчезнатите во хаосот со евакуацијата на 4.229 патници и членови на посадата. Нуркачите, во меѓувреме, пронашле хард-диск за кој се верува дека може да ги има видео снимките од безбедносните камери на бродот.

Наместо на половина километар, бродовите се доближувале на 280 метри од брегот

Во исто време со потрагата по исчезнатите, се спроведува и истрагата за несреќата. Капетанот на „Коста Конкордија“ пред истражните органи рекол дека политиката на компанијата, во чие сопствеништво е бродот, е нејзините бродови да ги „поздравуваат“ пристаништата како Џилио, што било дел од „планиран трик за публицитет“, нешто што компанијата од Џенова го негираше.

Schiffsunglück Italien Costa Concordia Kapitän Francesco Schettino

Капетанот на бродот ја обвинува компанијата за несреќата

„Требаше тоа да го направиме и една недела порано, но јас не го направив, поради лошото време“, изјави капетанот на превртениот брод Франческо Скетино за денешниот број на италијанскиот весник „Кориере де ла Сера“.

Извештаите од сослушувањето во истрагата, што протекоа во јавноста, покажуваат дека капетанот на „Коста Конкордија“ пред истражните органи рекол дека „поздравувањето“ првично значело бродот да се приближи на половина километар од брегот, но потоа таа одлука била менувана се‘ до 280 метри од брегот.

Капетанот останува во домашен притвор и продолжува да тврди дека го помагал спасувањето на патниците, дури и од брегот на Џилио, откако се лизнал од бродот што се навалувал и паднал во бротче за спасување. Преблиското движење на бродот до крајбрежјето и удирањето во карпите е причина за несреќата што се случи вечерта, на петок 13-ти.

Автор: Александар Методијев /дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска