1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Косовски хакери нападнаа 40-тина српски сајтови

Хакерите од Косово преку насловните страници на нападнатите сајтови поставиле албанско знаме и проглас во кој, меѓу другото, се предвидува „топење на сегашните граници и настанување на Голема Албанија“.

Група хакери која себеси се претставува како „Kosova Warriors Group“, собори изутрината десетици српски сајтови, јавуваат медуимите во Србија. Напаѓачите преку насловните страници на нападнатите сајтови го поставиле албанското знаме и текст во кој се наведува дека „Србија, Русија, Кина и Грција тајно ја прифатиле независноста на Косово“. Во прогласот се предвидува „претопување на сегашните граници“ заради настанување на „Голема Албанија“.

На крајот на текстот се наведува „Алах е голем“ и „Поздрав од Косово“. Косовските хакери на својата фејсбук страница поставиле линк кој содржи листа со соборените српски интернет сајтови.

Меѓу нападнатите се главно интернет страниците на српски уметници и нивни здруженија, но и сајтот www.mitropolija.com . Нападнат е и сајтот на Здружението на стрип уметници на Србија usus.org.rs, сајтот за фантастичка книжевност Art-Anima.com и.т.н.