Косовскиот парламент го подржа планот на Ахтисари | Вести | DW | 05.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косовскиот парламент го подржа планот на Ахтисари

Косовскиот парламент со сто гласови за и само еден против донесе резолуција со која го поддржува предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за меѓународно надгледувана независност на досегашната српска покраина. Во резолуцијата се ветува соработка и поддршка на предвидената меѓународна цивилна и безбедносна мисија, се’ додека таа не ги заврши своите задачи.

Косовските Срби го бојкотираат парламентот од мартовските насилства во 2004-та година.