1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Косовскиот министер за правда го прогласи Тадиќ за персона нон грата

Косовскиот вице-премиер и министер за правда Хајредин Кучи оцени дека српскиот претседател Борис Тадиќ ја злоупотребил последната посета на Косово за политички изјави.

default

Косовскиот министер за правда Хајредин Кучи

Косовскиот вице-премиер и министер за правда Хајредин Кучи изјави дека во иднина владата во Приштина нема да му дозволи влез на српскиот претседател Борис Тадиќ во Косово, поради неговите „политички изјави“ дадени во манастирот „Високи Дечани“ за време на чествувањето на Божик.

„Тадиќ ја злоупотреби посетата на манастирот „Високи Дечани“ за Божик и даваше политички изјави дека Косово е српска земја и дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово и нема намера да ги укине паралелните структури на северот“, изјави Кучи за приштинската телевизија „Клан“.

За време на престојот во манасторот „Високи Дечани“, вчера и завчера, Тадиќ упати порака за мир до косовските Албанци и Срби и апелираше за компромисно решение на проблемите, но во одговори на новинарски прашања рече дека Србија никогаш нема да го признае Косово како независна држава и дека Белград нема намера да ги укине своите државни институции во Косово.

Автор:СН/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска