1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово

*

Преговарачката тројка на Контакт групата за Косово денеска во Виена ќе води одвоени разговори со делегациите на Белград и Приштина. Белград на виенските преговори го претставува политичка делегација предводена од шефот на дипломатијата, Вук Јеремиќ и министерот за Косово, Слободан Самарџиќ, кој во очи на состанокот изјави дека преговарачката тројка го прифатлила предлогот на Белград да се разговара за статусот на покраината. Косовскиот премиер, Агим Чеку, во Виена за српските новинари изјави дека за статусот нема што да се разговара. Приштина во Виена, покрај Чеку, ја претставуваат и претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и првиот човек на парламентот, Кољ Бериша, како и претставници на опозицијата.