1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово

*

Во ставовите на Србија и Русија околу статусот на Косово нема никакви промени, изјави српскиот премиер, Воислав Коштуница по разговорите со рускиот претседател, Владимир Путин. Путин, според изјавите на Коштуница, потврдил дека за Русија е неприфатлива секаква резолуција на Советот за безбедност на ОН која би ја прекршила Повелбата на ОН. Американскиот претседател, Џорџ Буш, вчера во Рим изјави дека дошло време да се усвои планот за надгледувана независност на Косово. Според Буш, време е да се напредува со планот на Марти Ахтисари.