1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Косово

Косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, изјави дека Косово ќе биде независно без оглед дали Русија ќе стави вето или не во Советот за безбедност. По разговорите со шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, Сејдиу рече дека Приштина ќе објави независност само со благослов на западните сојузници. Специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово, Марти Ахтисари, во Лондон изјави дека неговиот предлог за статусот е единствено решение и дека за Русија е тешко да се противи на тој план. САД соопштија дека и натаму работат со Русија во врска со планот на Ахтисари за Косово и дека очекуваат напредок. Портпарол на Стејт Департментот изјави дека членките на ЕУ, САД и другите се единствени во ставот дека има потреба од брз напредок во решавањето на проблемот.