1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Косово ќе се претставува без фусноти

Српските претставници повеќе нема да ги напуштаат собирите на кои се и нивните колеги од Косово. Српскиот премиер Дачиќ изјави дека неговата земја не може да се жртвува „заради ѕвездички и фусноти“.

default

На регионалните собири Косово ќе биде асиметрично претставено, а во пропратните документи ќе стои фуснота која не е задолжителна на таблата пред претставниците на Приштина, одлучи Владата на Србија на синоќешната седница.

Српските претставници нема да мораат повеќе да ги напуштаат меѓународните собири на кои учествуваат и претставници на Косово.

Владата на Србија на синоќешната седница усвои нова инструкција која ќе им овозможи на претставниците на Србија да учествуваат на собирите на кои се присутни и претставници на Косово под услови одредени со спогодбата од Брисел, јави РТС.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија треба да учествува на меѓународни собири и ако на нив учествуваат претставници од Косово и без оглед на тоа како Косово е претставено.

„Интерес на Србија е да учествува на форуми бидејќи ако не учествува нема да може да изнесе свои ставови. Баравте да водиме реална политика спрема Косово и Метохија“, изјави Дачиќ за телевизија Б-92.

Тој наведе дека фуснотата со која Косово треба да биде претставено на форуми „не може ни да биде напишана на табличка пред некој претставник на Косово“. Тој нагласи дека не се работи за отстапка спрема Приштина.

„Мора да одбереме тема и да знаеме за што ќе се жртвуваме. Нема барем да се жртвуваме заради ѕвездички и фусноти, изјави Дачиќ и додаде дека суштинската борба треба да биде за правата на Србите на север во Косово, „а не за борба за ѕвездички и фусноти“.

Во фуснотата стои „.. овој натпис не го прејудицира статусот на Косово и е во согласност со резолуцијата 1244 за косовската декларација за независност“.